Маќеа казнува мало девојче со засрамување. Дали ова е добар начин на воспитување?

Маќеа казнува мало девојче со засрамување. Дали ова е добар начин на воспитување?

Често се случува да добиете известување од училиштето дека вашето дете е повредено, болно или дека некој го задева. Но што кога ќе ви кажат дека вашето дете е проблемот?

malo-devojche-e-posramoteno-od-kaznata-na-nejzinata-makjea-dali-ova-e-dobar-nachin-na-vospituvanje-kafepauza.mk

Ели, една жена од Јута, добила имејл од училиштето на нејзината поќерка Кајли, која е во четврто одделение. Ели била шокирана кога дознала дека таа задевала некој од нејзините соученици. Кога ја прашала поќерка ѝ за тоа, Кајли не се извинила и воопшто не се чувствувала лошо за нејзината постапка. Наводно, Кајли толку многу ја навредувала својата соученичка, што девојчето не сакало да оди на училиште.

Добра или лоша идеја?

Таткото на Кајли и неговата сопруга, Ели, знаеле дека мора да преземат нешто за да ја натераат нивната ќерка да сфати дека тоа што го прави е лошо. Тие се одлучиле да ѝ покажат како се чувствувало девојчето кое Кајли го навредувала.

Ели решила да ја однесе Кајли на шопинг во некоја од локалните продавници. Таа ѝ рекла да ја одбира само најгрдата облека. Следниот ден, Кајли се разбудила со вестите дека на училиште мора да ја носи облеката која ја купиле претходниот ден. Нема потреба да кажуваме дека таа се чувствувала посрамено и дека станала жртва на задевање.

Како е да се биде во кожата на жртвите

Ели ѝ рекла:

„Ние навистина мислиме дека кога ќе почувствуваш како му било на тоа девојче, можеби ќе станеш почувствителна.“

Кајли рекла дека не можела да разбере зошто била навредувана поради облеката која ја носела бидејќи, како што рекла:

„Јас сум нормална личност, не е важно каква облека носам.“

Кајли научила важна лекција од ова искуство и подоцна му се извинила на девојчето кое го навредувала. Сега, тие се добри пријателки.

Иако ова искуство е понижувачко, Кајли рекла дека не би сакала да ја научи лекцијата на друг начин. Оваа приказна брзо се прославила и постојат многу разни мислења за постапката на родителите. Што мислите вие? Дали овој начин на воспитување е добар, или родителите ги преминале границите?

Погледнете го и ова видео за подобро да ја запознаете Кајла, како и нејзините родители…

Погледнете го и овој татко кој ѝ одржува лекција на својата ќерка на многу смешен начин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар