Мајмунска работа: Погледнете како еден човек останал без својот појадок
Судејќи според она што се случува на оваа снимка, мајмуните изгледа не ѝ придаваат многу значење на Дарвиновата теорија и воопшто не се грижат за фактот што нивниот далечен роднина, човекот, е многу поинтелигентен. Овој мајмун кој бил гладен го докажал токму тоа со начинот на кој си пронашол ручек.

На мајмунот не му претставува никаков проблем да посегне по туѓа торба
Овој интересен настан бил снимен од страна на Јутјуберот „184dave“ кој се нашол на вистинското место и во вистинското време со цел да ни ја покаже „битката“ помеѓу два сосема различни света.

А не му било проблем ни да се бори за торбата на човекот
Гледајте го ова забавно видео во кое може да се види како мајмунот си откопчува човекова торба и си бара храна во неа. Луѓето кои биле сведоци на овој настан не можат да престанат да се смеат, додека пак, сопственикот на торбата е малку нервозен поради фактот што чувствува дека ќе остане без својот ручек.

Мајмунот ужива во тешко заработениот оброк
Сè што му преостанува на овој човек е да се утеши со позната стара изрека „паметниот попушта…“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.