Мајмунска орхидеја
Погледот во некој цвет обично буди восхит од убавината со која се соочени сетилата, но наместо тоа, ова цвеќе може да го изненади набљудувачот со лице на мајмун. Иако го носи латинското име Dracula simia поради двете „запчиња“ кои потсетуваат на легендарниот вампир, таа е попозната како мајмунска орхидеја од причина што нејзиниот цвет премногу потсетува на мајмунско лице.Првпат била откриена во 1978 на планините во Еквадор и Перу. Тоа е единственото место на кое расте, и тоа на надморска височина од 1.000 до 2.000 метри.Оваа орхидеја не е сезонско цвеќе, па интересните мајмунски лица кои гледаат во околината може да расцветаат во кој било период од годината. Екстремно е ретка, па затоа малкумина знаат за неа, а уште помалку се одгледува во домашни услови.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.