Мајмун украл фотоапарат и направил смешни автопортрети

Мајмун украл фотоапарат и направил смешни автопортрети

За  да успееш да направиш совршена слика во дивиот свет, обично треба да се најдеш на вистинското место во вистинското време. Но наместо тоа, Дејвид Слејтер не бил никаде, а сепак успеал да го направи тоа. Посетувајќи го Националниот парк во Северен Сулавеси, Индонезија, фотографот некое време подзаборавил на својот апарат. Набрзо тој успеал да го привлече вниманието на една љубопитна женка од групата мајмуни од видот црн макак, познати по својата интелигенција и умешност. Воодушевенa од нејзината рефлексија во леќата, таа некако успеала да го вклучи фотоапаратот и да направи феноменални фотки од себеси.Мајмун украл апарат и направил смешни авто-портрети.

„Најпрво почна да прави гримаси покажувајќи си ги забите, бидејќи најверојатно првпат си ја гледаше рефлексијата. Групата мајмуни веќе беше растрчана низ мојата опрема и сè изгледаше како да се местат за фотографирање и наеднаш еден од нив стисна на копчето. Звукот му го привлече вниманието и така продолжи да го прави тоа. На почетокот останатите мајмуни се исплашија и избегаа, но набрзо потоа сите се вратија. Беше неверојатно за гледање. Додека успеав да си го вратам фотоапаратот назад, имаше направено преку 100 фотографии, но многу малку од нив беа чисти. Би сакал да останев подолго и да видам дали тој ќе направи цел фотоалбум,“ – вели Слејтер.

Мајмун украл апарат и направил смешни авто-портретиСлејтер од Колфорд, Глостершир, бил на патување до еден мал национален парк лоциран на индонезискиот остров Сулавеси, кога ја запознал оваа неверојатна, пријателски настроена „банда“. Макаките, кои се вид африкански и евроазиски мајмун со редуцирана опашка или без опашка, се екстремно ретки и загрозени видови. Овие животинки биле искористени од една истражувачка група од Холандија, за научни цели.Мајмун украл апарат и направил смешни авто-портрети.

„Се здружив со локалниот водич, бидејќи знаев за мајмуните и сакав да ги фотографирам. Се движев со нив три дена по ред. Тие беа пријателски настроени кон нас и не покажаа никаква агресија. Нив ги интересираа само работите кои ги носев со себе. Тие не се познати по тоа што се паметни, како што се шимпанзата, туку по тоа што се многу љубопитни. И покрај тоа што најверојатно никогаш претходно немале контакт со луѓе, тие не се почувствуваа загрозени од нашето присуство и токму затоа можевме да пешачиме со нив.– вели тој.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Ане Reply

    абе леле колку е смешен бе е хахааххахахаха

Остави коментар