Мајките со 3 деца се најмногу изложени на стрес
Лесно е да се каже дека мајките се изложени на многу стрес. Покрај секојдневните обврски, овде се и обврските кои доаѓаат со мајчинството. Едноставно, тие немаат време за одмор. За нив нема слободни денови и секогаш се потребни за нешто.
Многу луѓе сметаат дека мајките со повеќе деца се изложени на повеќе стрес. Ако имате едно дете, немате многу грижи, зарем не? Со повеќе деца, мајките имаат повеќе обврски. Повеќе деца значат повеќе оброци, повеќе домашни, повеќе садови… Па, нормално е да сметате дека големиот број деца предизвикува повеќе стрес.
Но, се открило дека ова е само мит. Стресот на мајките не функционира како што си замислуваме. Имањето повеќе деца не мора да значи дека нивото на стрес кај мајката е поголемо.
Во 2013-та година било спроведено истражување со цел да е открие нешто повеќе за родителите и причините за нивниот стрес. Истражувањето се одвивало во САД, а во него учествувале 7.164 мајки.
Истражувањето било фокусирано на стресот кај мајките, но резултатите покажале и други интересни информации. Овие информации не биле тоа што го очекувале истражувачите. Мајките биле прашани по колку деца имаат, а ова било клучно за нивото на стрес кај нив.
Излегло дека мајките кои имаат три деца се изложени на најмногу стрес. Овој резултат е во споредба со мајки го имаат едно, две, четири или повеќе деца.
Нормално, мајките со три деца имаат многу повеќе обврски, но навистина е чудно што се изложени на повеќе стрес за разлика од мајките кои имаат над четири деца.
Психијатарот Џенет Тејлор ги објаснила овие изненадувачки резултати од истражувањето. Проблемот е што мајките со три деца сè уште се надеваат на совршеност. Многу од нив сакаат да ги одгледаат децата на одреден начин. Штом мајката има четири или повеќе деца, брзо почнува да сфаќа дека совршеноста што ја сака можеби е нереална. Поради ова, мајките со повеќе деца се поопуштени.
Ова не значи дека тие не се добри родители. Овие жени веќе го имаат потребното искуство и знаат да се справат со речиси секоја ситуација. Се разбира, не сите мајки го доживуваат ова, но се случува многу често.
Истражувањето открило и која е причината за стресот кај мајките. Ова е резултат во кој сигурно би се препознале доколку сте мајка. Од 7.164-те мајки кои биле интервјуирани, 72% од нив биле под стрес поради нивниот стрес. 60% од нив биле загрижени дека немаат доволно време во текот на денот за да ги завршат сите обврски.
Само затоа што мајките со три деца чувствуваат најмногу стрес, не значи дека вашиот стрес не е реален. Одгледувањето деца воопшто не е лесно. Па, обидете се да се опуштите секогаш кога имате време за тоа.
Дали знаевте дека сопрузите им предизвикуваат повеќе стрес на жените од нивните деца?