Мајка раскажува како бременоста ја излечила од анорексија
За повеќето невести, гледањето на фотографиите од нивната свадба претставува навраќање на среќни и убави мигови. Но, истото не важи за Лаура Вилсон, бидејќи сликите од нејзината свадба ја растажуваат. Сликите од нејзиниот голем ден во ноември 2007-та, ја покажуваат нејзината премногу слаба и ковчеста фигура. Во тоа време, нејзината тежина изнесувала речиси 38 килограми, што просто било застрашувачки.Нејзините најблиски, наместо да ја гледаат со гордост и среќа, биле во шок од нејзините ковчести раце и рамена. Состојбата уште повеќе се влошила, кога таа и нејзиниот сопруг Филип заминале на меден месец во Тајланд, кога нејзината тежина паднала на скоро 32 килограми. За време на целото патување таа не изела ништо друго освен две парчиња ананас.
„Бев толку болна, што буквално чувствував дека сакам да умрам, знаев дека сум премногу слаба и ковчеста и дека сите гости на мојата свадба ми зборуваа зад грб, шепотеа и ме покажуваа со прст. Но, тоа не ми беше важно, најбитно ми беше да бидам слаба.“ – вели Лаура
Таа исто така објаснува дека не функционирала правилно ни физички ни психички и дека не била во можност да ги доживува и чувствува работите како другите луѓе.
Два месеци по нејзината свадба, Лаура била хоспитализирана во ментална институција, каде докторите ù соопштиле ужасна вест. Голем бил сомнежот дека таа можеби никогш нема да може да стане мајка, поради годините поминати во изгладнување. Сè се променило 5 години подоцна, кога 28 годишната Лаура станала мајка. Со раѓањето на нејзиното чудотворно бебе, како што самата го нарекува, потполно ù се променил животниот тек.
„Во истиот момент кога дознав дека сум бремена, најважно нешто на светот ми стана животот кој расте во мене. Ништо друго не беше важно. Знаев дека морам да направам сè за да бидам здрава.“ – раскажува Лаура
„Преку ноќ преминав од изгладнување до јадење што е можно повеќе нутриционистичка храна. Бев толку исплашена дека на моето бебе може да влијае строгиот режим на исхрана и многуте вежби. “
Целиот проблем со анорексијата започнал кога имала само 21 година. И покрај тоа што била одличен ученик, Лаура била одбиена за работното место кое го посакувала. Како што самата раскажува, внимавањето што јаде и броењето на калории ја направило да се чувствува како да има целосна контрола над нејзиниот живот. Радоста која ја чувствувала секогаш кога ќе забележела како нејзините килограми се намалуваат, сè повеќе ја мотивирала да продолжи со нејзиното изгладнување.
Откако Филип ја запросил во 2006-та, планирањето на свадбата ù донело огромен стрес, кој предизвикал повторно намалување на килограмите, па нејзината анорексија излегла од контрола.
„Бев опседната со тоа да изгледам прекрасно во мојот венчален фустан и секој ден ја мерев мојата тежина. Преживував на кафе и диетални сокови.“
Но, како што слабеела се чувствувала сè помизерно наместо подобро. Убедувањата од страна на нејзиниот сопруг дека изгледа добро и дека не би требало да слабее, никогаш не ја спречиле да продолжи да вежба, ниту да го прекине ригорозниот начин на исхрана. Нејзината состојба се влошувала, а болеста сè повеќе земала размери.Приказната на Лаура е вистински доказ дека мајчинскиот инстинкт може да промени многу работи. Желбата нејзиното дете да биде здраво била посилна од сè. Кога нејзиниот син Метју се родил, таа се заколнала дека ќе биде најдобра мајка.
„Посреќна сум од кога и да било, чувствувам дека раѓањето на Метју беше боженствена интервенција. Тој е едно насмеано и среќно малечко момче и го обожувам. Моето чудотворно бебе ми го спасува животот секој ден.“
Лаура и Филип планираат да ги обноват своите брачни завети, за да имаат слики од нивната свадба кои ќе можат да ги гледаат со радост и да се навраќаат на спомените со гордост.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.