Мајка измислила појас кој им помага на дечињата со попреченост да одат

Мајка измислила појас кој им помага на дечињата со попреченост да одат

Грижата за децата е навистина работа со полно работно време. Но, доколку имате дете со попреченост, кое секако ја заслужува сета љубов на светот, тоа дополнително ги отежнува работите. Дури и најмалите активности кои ги земаме здраво за готово, како играњето со топка, претставуваат сон за овие дечиња.

Кога Деби Елнатам го добила Ротем, докторите ја известиле дека нејзиното дете има церебрална парализа, болест чии симптоми се: слаби моторни способности, недоволен развој на мускулите и неможност за држење на телото. Поради ова, Ротем своите денови ги минувал лежејќи, а сите обиди за негово застанување на нозе биле неуспешни.

Но, Деби цврсто решила да најде начин да му помогне на својот син. Таа добила идеја да направи прототип на специјален појас кој ќе служи за прицврстување на детето за телото на родителот. Па така, секогаш кога Деби ќе направела чекор, тој чекор го правел и Ротем. Насмевката на лицето на Ротем додека тој одел, била доволна причина таа да го сподели овој појас и со останатите родители чии деца имаат церебрална парализа.

Таа наскоро почнала да бара компанија која ќе ги произведува и продава појасите на интернет. По 11 години, благодарение на компаниите Firefly и Leckey, појасот е во продажба и им служи на голем број дечиња во светот. Функционира слично како прототипот на Деби и им помага на дечињата да стојат исправено, прикачени за телата на нивните родители. Со помош на ова појасче, многу дечиња сега можат да одат, да ги гушкаат своите братчиња и сестрички и исправено да ги поздравуваат соседите.

Денес Ротем, момчето со коешто започна оваа успешна приказна, има 24 години и е активно вклучен во активностите во семејството.

„Тој е убаво и среќно момче. Мислам дека среќното детство му даде самодоверба и добар поглед кон животот“ – вели Деби.

Погледнете ја иновативноста и на оваа жена – таа прави персонализирани кукли за деца со попреченост во развојот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар