Мајка прашала како да го заштити нејзиното невакцинирано дете и Интернетот сурово одговорил

Мајка прашала како да го заштити нејзиното невакцинирано дете и Интернетот сурово одговорил

Сред вонредна здравствена состојба во Вашингтон, на место каде што невакцинирањето на децата е почесто од вообичаено, една мајка која е против вакцините побарала совет. Таа го прашала Интернетот како да го заштити нејзиното 3-годишно дете од епидемијата мали сипаници што владеела во нејзината околина.

Мајка го прашала Интернетот како да го заштити нејзиното 3-годишно невакцинирано дете од сипаници

„Моето 3-годишно дете не е вакцинирано, а моментално има епидемија на мали сипаници во мојата држава. Предлози за мерки за безбедност што можам да ги преземам за да ја заштитам ќе ми бидат од голема корист.“

Малите сипаници биле декларирани како елиминирани во САД во 2000-та година. Но ова достигнување е под закана поради движењето против вакцинацијата и невакцинираните деца. Мајката сепак добила одговори на нејзината објава бидејќи многу се прославила. Некои од одговорите биле смешни, но некои и мрачни. Што би ѝ одговориле вие?

„Таа има 3 години… никогаш не била вакцинирана за ништо? Па, таа е средовечна… имала убав живот…“

„Знам како! Можеш да ја изложиш на ослабен или неактивен вирус така што нејзиниот имунитет ќе биде подобро опремен да го препознае и да се справи со вистинскиот вирус со кој неизбежно е да дојде во контакт. Ох, чекај.“

„Само помеѓу нас… ова дете не ти е омиленото, нели?“

„Објавувај за ова на Фејсбук. Во никој случај НЕ ја носи на лекар. Фејсбук е НАЈСИГУРНИОТ извор за медицински информации, особено кога станува за наука за вакцини.“

„Мерки? Не се приврзувај премногу за тоа дете.“

„Само ако имаше некаков вид вакцина за да го заштити детето…“

„Мојот син е со аутизам… и вакциниран. Што има толку лошо кај аутистичните деца што повеќе би го изложиле вашето и туѓите деца на ризик? Па, јас ќе бидам овде со мојот син со аутизам, слушајќи ги неговите интересни приказни… а вие ‘антиваксери’ можете да ги слушате нивните посмртни говори.“

„Ова е само размислување, но ако си истражила доволно за да не го вакцинираш детето, зарем не би побарала алтернативен начин да го заштитиш?“

„Она што е смешно е што мнозинството од ‘антиваксерите’ се вакцинирани. Значи тие се безбедни, но ги ставаат нивните деца на ризик.“

Погледнете и кои се најголемите митови за вакцините и зошто тие се невистинити.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар