Мајка го исмева брат ѝ со тоа што го фотографира нејзиното бебе како ги имитира неговите пози
Во светот на моделите постои огромна конкуренција, но машкиот модел Аристотел Полајтс се соочува со навистина достоен противник – неговиот малечок внук! Ова 18-месечно бебе ги имитира позите на вујко му со помош на мајка му (постарата сестра на Аристотел), Катина Бем, и мора да признаете дека неговите фотографии се подобри од оригиналите!
Сѐ започнало кога Катина не можела да го натера синот Оги да ја облече неговата кошула со копчиња.
„Сликата од него со откопчана кошула и голи гради ме насмеа, бидејќи изгледаше како да е излезен од корицата на некој љубовен роман. Го фотографирав и се сетив дека и брат ми Арис има иста таква фотографија на Инстаграм“, открила Катина.
Откако ги споредила фотографиите од Оги и Аристотел, им ги испратила на останатите членови од семејството и ги прашала кој изгледа подобро.
„Одлично се согласуваме со брат ми. Отсекогаш сме имале забавен однос“, изјавила таа.
Оттогаш па натаму, таа продолжила да ги преработува фотографиите на моделот Аристотел со помош на синот Оги. Тие имаат и заеднички профил на Инстаграм со името @babyandthebody каде што повеќе од 23.000 следбеници уживаат во нивните урнебесни соработки.
Продолжете на следната страница за останатите фотографии…