Мажите не знаат да сокријат неверство: Една работа секогаш ќе ги издаде, а вие нема да верувате која
Истражувањето објавено во журналот „Evolutionary Psychology“ тврди дека вашиот глас може да открие дали сте неверни или сте го направиле тоа порано. Истражувачите Сузан Хјуз и Мариса Херисон слушале аудио снимки од 10 мажи и 10 жени кои броеле од еден до десет. После тоа, од учесниците барале да донесат заклучок за секоја личност чиј глас го слушнале.
Утврдено е дека без никаков друг контекст и без оглед на содржината, може многу да се заклучи за личноста само врз основа на нејзиниот глас, вклучувајќи го полот, расата, социјалниот статус, сопствената личноста, а понекогаш дури и висината, тежината, дали е нејзиното лице симетрично, но и дали е неверна.
„Гласот пренесува важни информации поврзани со сексуалното однесување. Половина од учесниците признале дека имале сексуален однос со личност со која не се во врска, односно дека изневериле, додека другата половина кажале дека никогаш не ги изневерува своите партнери. Откривме дека учениците навистина ги препознале оние кои имале љубовни афери“, изјавиле истражувачите.
Истражувачите не знаат заради што луѓето се толку добри читатели на гласови, но претпоставуваат дека тоа има врска со вокалните насоки или е во прашање чиста интуиција.
„Вокалните знаци како јаснотија во артикулацијата, исто така може да допринесат за перцепција на неверството. На пример, мажите покажуваат помала јаснотија во својот говор и покажуваат фонетски обрасци кои укажуваат на мажественост, што пак би можело да биде поврзано со закана дека ќе бидат неверни“, заклучуваат истражувачите.
Сузан Хјуз претпоставува дека одредени особини на личноста кои се пренесуваат по пат на говор, како што е екстровертност може да сигнализираат потенцијално неверство, бидејќи екстровертните луѓе имаат поголема веројатност да бидат неверни.
„Екстровертните луѓе покажуваат поголема варијација во основната фреквенција, имаат подобар квалитет на гласот и помалку тивки паузи“, кажала Хјуз.
Доколку сте доживеале неверство од страна на вашиот/вашата партнер/ка, тогаш прочитајте го овој едноставен водич кој открива дали вашата врска може да преживее неверство.