Магијата на ноември: Дознајте како да ги остварите сите ваши желби во овој волшебен период
За некои луѓе ноември е месец за нови почетоци. Во раното келтско општество, месецот ноември го означувал почетокот на новата година и затоа го нарекувале утрински месец. Според нивното верување, секој месец во календарот носел посебна енергија и барал изведување на одредени ритуали. Тогаш годината имала само десет месеци и затоа ноември бил првиот месец во годината.
Ноември е период на ослободување од лошите навики, како што се лошите врски. Сѐ додека не им се стави крај на негативните работи, не може да се очекува убав почеток. Симболи на овој месец се сивата и сината боја, камењата лапис лазули, тиркиз и топаз, дрвјата лешник и евла, божиците Баст, Изида и Хеката, растенијата вербена и анасон, како и елементот вода.
Ноември е месец кога треба да се започнат некои важни и клучни работи без оглед дали се работи за семејството, чувствата или кариерата. Искористете го благодатот на овој месец токму за она што сакате да го постигнете. Месечевите мени на овој месец се благотворни, а во продолжение прочитајте го деталниот опис за месецот ноември.
Првите десет дена од ноември се идеални за проширување на семејството, така што доколку сте размислувале да донесете на свет нов член во семејството, ова е совршениот период да го направите тоа. Од 11-ти до 19-ти ноември фокусирајте се на вашата кариера за да ги зголемите шансите за успех во таа област. Во периодот од 20-ти до 26-ти ноември посветете се на вашите чувства и уживајте во љубовта на вашиот партнер за врската да стане постабилна. Во последниот циклус од ноември, односно од 27-ми ноември до 2-ри декември, циклусните линии се рамни и тогаш се препорачува да мирувате во однос на сите важни животни елементи, но можете да размислувате за нови подвизи.
Ноември е месец кога можете да го избришете поголемиот дел од вашите болни емоции. А тоа можете да го направите на следниов начин: Кога сонцето ќе зајде, сместете се удобно, замижете, дишете полека и рамномерно. Потоа обидете се да се сетите на ситуациите кои ви предизвикале болни емоции. Соочете се со нив и одново преживејте ги. Дружете се со нив неколку минути, а потоа три пати изговорете на глас: „Ги бришам сите болни емоции, како од умот така и од срцето. Слободен/на сум и подготвен/а да продолжам понатаму“. Овој ритуал повторете го три пати во текот на месецот. Најдобро би било да го направите тоа од 6-ти до 10-ти, 12-ти до 15-ти или од 26-ти до 28-ми ноември.
Само за мажите: Доколку сакате да го зголемите вашето сексуално либидо, морското оревче отсекогаш било сметано за моќно средство со магично дејство. Се носело дури и како амајлија во џебот бидејќи се верувале дека штити од кршење на коските и кожни болести. Се додавало во брашното за леб за да се подобри работата на срцето, а познато е и како силен афродизијак поради неговата способност да ја зголеми потенцијата. Се верувале дека доколку се носи на синџирче како приврзок, може да ја излечи импотенцијата, а слично дејство има и чајот од морско оревче. Ако мажот испие една чаша црно вино со морско оревче, ниту една жена нема да може да му одолее…
Уживајте во овој волшебен ноември и искористете ја максимално неговата магија.