Магичен танц кој ќе ве хипнотизира

Магичен танц кој ќе ве хипнотизира

Даниел Вурцел е артист кој се обидува да го трансформира обичното во нешто сосема неверојатно. Неговата цел е да најде нова примена на работите, нешто што никому ни на крај памет не би му паднало. Во неговите последни дела тој се обидува да воведе ред во хаосот кој го создава ветерот.

Магичен танц кој ќе ве хипнотизира

 

„Јас сум заинтересиран да создадам уметност која е експериментална, интерактивна и која постојано се менува. На овој начин таа може да доведе до состојба на транс и мечтаење кај оние кои ја гледаат, нешто слично како хипонтизирачкото чувство кое се појавува додека гледате во оган.“

Неговата уметност навистина е уникатна и зачудувачка. По ова видео кое пред неколку години ги остави сите без зборови, тој направи уште едно каде што заедно „танцуваат“ две марами. Наш совет е два пати да ги погледнете овие магични танци – еднаш сконцентрирајте се на марамите, а вториот пат на нивните сенки.


 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар