Магичен спреј со кој никогаш повеќе нема да се намокрите
„Never wet“ е водоотпорен производ кој неодамна пристигна во продавниците во Северна Америка и засекогаш ја промени перцепцијата кај луѓето. Откако ќе испрскате два слоја врз каква било површина, ниедна течност којашто ќе ја истурите одозгора, нема да се задржи, туку ќе се слизга надолу, а на хоризонтална површина ќе остане да лебди. Никогаш повеќе нема да ви се натопат чевлите на дождливо време, нема да си ја извалкате со кечап или црвено вино омилената кошула и нема воопшто да се потресете доколку ајфонот ви падне во базен. 🙂 Погледнете како сето ова изгледа во видеово и потоа запрашајте се колку овој спреј го менува светот во кој досега живеевме. 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.