Мачор научил да си ги четка забите и има своја четка за заби
Мачките се тврдоглави суштества. Значи, ако не дозволат да им ги миете забите, можете да заборавите на нивната орална хигиена во нивните наредните 8 животи. За среќа на Стефани Исидро, нејзиниот мачор Ахил всушност сака да има холивудска насмевка и да биде сигурен дека забите му се секогаш чисти!
Хигиената на Ахил навистина импресионира и во продолжение можете да видете како тој научил да ги мие забите!
Учи од „мама“
Кога Ахил имал околу 1 година тој започнал да ја повторува утринската рутина на Стефани. Тој ја следел и седнувал до мијалникот гледајќи ја. Потоа, еден ден ја посетиле нејзините сестри и сите ги ставиле своите четки за заби во држачот. Очигледно било дека Ахил чекал можност да има своја четка за заби, па така почнал и да ги мие забите.
Стефани била пресереќна. Најпрво била шокирана од тоа што ја користел четката за заби на нејзината сестра, но тогаш сфатила колку е тој паметен кога сам научил да го прави тоа. Тој бил многу интелигентен!
Навиките може да се сменат
View this post on Instagram
Иако Стефани сега е сигурна дека забите на Ахил се секогаш чисти, тоа не било секогаш така. На околу негови 2-3 месеци, таа го посвоила заедно со неговата сестра Атина. И кога тој сè уште бил мало маче, таа се обидувала да му ги мие забите со четка на прстот која служи за миење на забите на мачињата. На Ахил тоа не му се допаднало па престанала да го прави тоа. Се чувствувала како да предизвикувала повеќе трауми отколку добро. За нејзина среќа, сега Ахил претставува добар пример за другите мачки во тој поглед.
Уште една сличност
View this post on Instagram
Оваа секојдневна рутина не е единственото нешто што Стефани и Ахил имаат заедничко. Ахил спиел исто како неа! На грб и под ќебенцето, открила Стефани.
Можеби сакате да прочитате и за овој мачор со џуџест раст засекогаш ќе биде со големина на маче.