Мачки со различна боја на очите
Има различни причини за појава на различната обоеност на очите кај животните, но најчесто, терминот за оваа појава се нарекува хетерохромија. Хетерохромијата е поврзана со недостатокот на пигментот меланин. Ова е пигмент кој се наоѓа секаде во природата и ја диктира бојата на очите и кожата. Хетерохромијата се јавува како последица на отсуство или намалено ниво на меланин во окото. Секако бојата на очите може да биде погодена и од болести и други фактори, но скоро секогаш хетерохромијата е причината за ова.
Бојата на ирисот првично е одредена од меланинот и во повеќето случаи е хиперпигментирана (има големи количини на меланин). Комплетна хетерохромија е забележана кај мачки и кучиња и во овој случај секогаш едното око има сина боја. Најчесто од оваа ситуација страдаат ангорките, а кај кучињата е присутна кај хаските. Од другите животни може да се јави кај коњи, говеда и ласици. Како и да е, мора да забележите дека оваа појава е доста зачудувачка.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Imeno toa e znak deka ednoto oko im e slepo 🙁
Ne im e slepo ednoto tuku imaat Heterochromina iridum razlicna boja na irisot na okoto 😉 🙂
jJas imav vakvo mache i neznam dali ima nekakva povrzanost so bojata na ocite, no mu bese osteteno setiloto za sluh.