Претходно
Мачки пред да кивнат
И ние луѓето сме смешни пред да кивнеме, но животните се особено слатки во овој момент. Мачките понекогаш се алергични на прашина, чад од цигари, мувла и средства за чистење, а со оглед на тоа дека сакаат да се пикаат во ќошиња и под мебелот, кивањето кај нив може да биде честа појава.
Овие мачки се фатени токму во моментот пред да кивнат. Собрано чело, подзамижани очи, изместена фаца – отприлика тоа го гледаме и кај луѓето пред кивање. 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.