Мачки кои умешно докажуваат дека секаде може да ги собере
Зошто мачките обожаваат да се пикаат по мали, тесни и непристапни места? Една од причините е поради фактот што тие по природа се ловци и сакаат да седат во тајност за да го чекаат својот плен. Иако домашните мачки немаат многу што да ловат, сепак го имаат овој инстинкт. Од друга страна, криењето им е начин да се заштитат од предаторите, од оние посилните од нив. Тоа им дава чувство на безбедност додека никој не може да ги види, а тие и понатаму можат да ја набљудуваат околината.
Од која и причина да се напикале овие мачки во тесни предмети, дефинитивно докажуваат дека колку и да се големи, секаде може да ги собере. 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.