Мачката на оваа жена не сака да престане да краде долна облека од непознати мажи

Мачката на оваа жена не сака да престане да краде долна облека од непознати мажи

Не е тајна дека мачките се зајадливи животни кои сакаат да се одмаздуваат и кои го користат своето меко крзно и преслатки погледи за да ги инфилтрираат домовите на човековите суштества кои не сфаќаат колку се експлоатирани. Мебелот и човечкото месо најчесто стануваат жртви на бескрајните промени во расположение кои мачките ги покажуваат, но ако сте маче кое бара оригинален начин да го отежни животот на својот сопственик, сѐ што треба да направите е да размислите надвор од кутијата во која обожавате да седите.

Мачката на оваа жена не сака да престане да краде долна облека од непознати мажи

Откако одлучила дека раскинувањето на материјалот на фотелјите веќе не ѝ интересно, Бриџит, мачката од Нов Зеланд решила да најде нов начин да ги задоволи своите основни нагони и започнала да го бара својот плен во соседството. Но, Бриџит не почнала да остава мртви глувци на праговите на соседите на нејзината сопственичка, како што најчесто прават другите мачки. Нејзината цел? Машка долна облека… И многу чорапи.

Сопственичката на Бриџит, Сара Нејтан, вели дека нејзината мачка се вратила дома со 11 пара долна облека и 50 пара чорапи во рок од два месеци и додека не е точно сигурна за нивното потекло, таа има чувство дека станува збор за само една личност. Со надеж дека ќе го пронајде човекот кој веројатно мислел дека полудува низ овие два месеци со тоа што постојано ја губи својата долна облека и чорапите, Сара објавила едно писмо во кое оставила свој контакт, ја објаснува ситуацијата и им се извинува на оние на кои им биле украдени работите, велејќи дека може да им ги врати. Таа се шегува, велејќи дека кој и да е жртвата на нејзината мачка, ќе биде среќен што таа ќе се сели.

Мачката на оваа жена не сака да престане да краде долна облека од непознати мажи


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар