Мачка со едно око плени со нејзината убавина и го обожава својот најдобар пријател – куче
Уште во првиот момент кога 24-годишната Фиби Гил ја видела фотографијата од Стич, мачка со едно око, знаела дека треба да ја посвои.
Мачката имала повреда на окото, која требала да биде лекувана, но нејзиниот сопственик не ја однел на ветеринар. Кога се влошила ситуацијата, ѝ била направена операција за да ѝ се отстрани окото затоа што било премногу доцна да се направи нешто друго. Но, тоа не ја спречило оваа девојка да ја види нејзината убавина, така што се заљубила на прв поглед и ја однела дома.
Иако најпрво била загрижена за тоа како таа дама ќе се согласува со нејзиното куче, потоа се покажало дека нема потреба за дополнителни грижи, затоа што уште веднаш тие двајцата станале неразделни.
„Моето куче ме следеше секаде, вклучувајќи ги и бањата и тоалетот. Сега, тие се двајца“, рекла девојката. „Тие јадат заедно, спијат заедно, си играат заедно и сум речиси сигурна дека надвор тие го оставаат и изметот заедно. Ја немам оваа мачка долго време, но таа со себе донесе многу љубов.“
Преминете на наредната страница за да погледнете уште фотографии од оваа мачка.