Луксузен сафари хотел во Јужна Африка
Оние кои сакаат да уживаат во убавините на дивата Африка, а притоа да ја избегнат нечистотијата што доаѓа со сафари-авантурата, имаат можност да отседнат во прекрасниот хотел Маратаба во Јужна Африка, сместен во националниот парк Маракеле во областа Лимпопо.
Маратаба всушност е комплекс од дванаесет огромни луксузни шатори изградени од камен, дрво и платно, во кои ентериерот е декориран така што целосно го доловува духот на дивата околина во која што се наоѓа. На секој од нив има тераса на која што гостите можат да се сместат во удобните фотелји и да уживаат во спектакуларната глетка на реки, долини и планини.
Покрај тоа, хотелот нуди можност и за разладување во базенот, кој се наоѓа во неговиот двор. Таму гостите можат да ја добијат и традиционалната африканска вечера, доколку не сакаат на јадат на терасите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.