Луѓето на овие 20 „пред и потоа“ фотографии екстремно ги намалиле килограмите и ќе ве мотивираат и вас да успеете во тоа
Намалувањето на прекумерната тежина за многу луѓе претставува тешка битка, особено ако вашиот тренер секојдневно ви кажува да трчате по високиот рид, за да постигнете целосна трансформација на изгледот. Тешките временски услови, густите дневни распореди и секојдневниот стрес можат да бидат доволно добри изговори за да го одложувате преземањето чекори за намалување на вишокот килограми. Бидејќи сите знаеме колку е тешко да се држиме до ваквите цели, особено ако треба да намалиме голем број килограми за да дојдеме до просечна телесна тежина, денес со вас ќе ги споделиме овие успешни приказни. Погледнете ги овие 20 „пред и потоа“ фотографии и уверете се дека сè е возможно во животот. Како што рекол Нелсон Мандела, „Сè изгледа невозможно, додека не се случи“.
1. Изгубив над 80 кг и немам пријатели коишто ќе бидат возбудени за мојот успех, па се надевам дека некој од вас на интернет, ќе го цени ова.
2. Тој ме третираше исто кога имав 220 кг, како и сега кога имам 82 кг. Љубовта не познава граници во однос на тежината или конфекцискиот број.
3. Јас сум 30-годишна жена и ја намалив мојата тежина за 18 конфекциски броја, во период од 2 години. Секако, сега имам вишок разлабавена кожа, но тоа не е ништо од коешто треба да се плашите.
4. Фотографијата на левата страна е стара 2 години и сè уште сум во шок што сега имам врат којшто е видлив.
5. Ми беа потребни помалку од 2 години за да ја изгубам сета оваа тежина.
6. Намалив голем дел од тежината, многу од тагата којашто ја чувствував и ја избричив брадата. Почнав одново да го ценам животот. Никогаш не заборавајте да се сакате себеси.
7. Колин Кларк има Даунов синдром, но и покрај тоа успеал да ја намали тежината и да формира мускулна маса.
Погледнете ги останатите фотографии на следната страница…