Луѓето можеби не се најинтелигентните суштества на планетата

Луѓето можеби не се најинтелигентните суштества на планетата

Пол Вотсон нè замолува да ја промениме дефиницијата за интелигенцијата.

„Научниците набљудуваат, документираат и дешифрираат докази кои укажуваат на интелигенција која тлее во океаните. Тоа е интелигенција која датира милиони години пред нашата еволуција како примати.“

(1)lugjeto-mozhebi-ne-se-najinteligentnite-sushtestva-na-zemjata-kafepauza.mk

Размислете за китовите. Цицач со мозок поголем од нашиот, кој има комплексна песна за миграција која ја менува секоја година. Какви мисли ли се вртат во неговиот мозок?

Еден текст од Дон Агнос за „разговор“ со коњ покажува дека интелигенцијата и емпатијата се јазици кои ги разбираат многу животни. Емоционалната интелигенција е нешто кое се „појави“ дури неодамна, па треба да се земе предвид дека постојат повеќе видови интелигенција. Пол Вотсон го изнел својот став на неговиот Фејсбук профил и изјавил дека можеби човечкиот концепт за интелигенција нема никаква широчина.

Дали е важна големината на мозокот?

(2)lugjeto-mozhebi-ne-se-najinteligentnite-sushtestva-na-zemjata-kafepauza.mk

Мозок на човек (лево) и мозок на делфин (десно)

Вотсон го започнува својот есеј со тврдењето дека биолошката наука нè провоцира да ја распарчиме нашата слика за човечката супериорност. Иако мудроста на повеќето секогаш го гледала човекот како дел од кругот на животот, а не над него, ова тврдење веќе и не постои денес. Луѓето не само што се сметаат за супериорни над другите суштества на Земјата, туку некои луѓе се супериорни во споредба со други.

Социјалниот дарвинизам бил обид да се употреби науката за да се потврди употребата на супериорноста за да се потиснат другите луѓе. Иако треба да ја почитуваме науката, мора да ја разбереме културната и религиозната позадина на оваа дисциплина. Треба да ги проучуваме и тврдењата на науката ако сакаме да еволуираме.

(3)lugjeto-mozhebi-ne-se-najinteligentnite-sushtestva-na-zemjata-kafepauza.mk

Руперт Шелдрејк се обидел да го направи ова во еден TED говор кој е насловен „Научната заблуда“, а неговиот говор бил забранет. Ова не значи дека Руперт бил во право, а целата наука греши. Ова е можност да се отвори дијалог за тврдењата на науката кои научната заедница сака или не сака да ги земе предвид. Значи, можеби луѓето не се најинтелигентната форма на оваа планета.

Навистина е фасцинантно да ги погледнете цицачите кои биле многу подолго на планетата од нас, но имаат и поголеми мозоци. Ние луѓето се гордееме со нашата технологија, алатите за создавање, машините… Се разбира лесно е да се утврди таа интелигенција на основа на технологијата. Но, овде е и емоционалната интелигенција што е внатрешна, не може лесно да се измери, но има голем удел во успехот на некоја личност.

Интуиција, сочувство, емпатија, обично се сметаат за чувства, но овие вештини, овие нефизички алати, се користат за искачување на социјалната скала. Медитацијата исто така може да се смета за нефизичка алатка која ја менува нашата биологија, го намалува стресот и го отвора умот. Можеби сме само на почетокот на разбирањето дека алатите не мора да бидат физички или мерливи со помош на традиционалната наука за да бидат вредни.

(4)lugjeto-mozhebi-ne-se-najinteligentnite-sushtestva-na-zemjata-kafepauza.mk

„Ние доброволно ја прифаќаме идејата дека интелигенцијата во животна форма постои само ако е на иста бранова должина како нашата. Технологијата автоматски укажува на интелигенција.“

Недостатокот од технологија значи и недостаток од интелигенција. Делфините и китовите не ја покажуваат својата интелигенција на начин кој е видлив за нас, па затоа до некаде сме „слепи“ за вистинското значење на интелигенцијата. Еволуцијата ја оформува нашата проекција за интелигенција. Луѓето еволуирале како производители на алати, опседнати со опасност и групна агресија. Поради ова нам ни е тешко да ги сфатиме интелигентните суштества чија историја на еволуција вклучувала доволно храна и недостаток на страв од надворешна опасност.

Важно е да се препознае дека ова однесување не е само за животни, туку и за многу луѓе низ историјата. Кога ја дефинираме интелигенцијата, таа е ограничена со нашата перцепција. Дали сме спремни да ја прошириме?

„Интелигенцијата може да се мери и според способноста да се живее во границите на законите на екологијата. Да се живее во хармонија со екологијата и да се препознаат границите поставени од секој вид според потребите на екосистемот. Дали се инфериорни суштествата кои мирно си живеат и ги почитуваат другите живи суштества околу нив? Или пак инфериорни се оние кои почнуваат војни против нивното живеалиште и ги уништуваат сите видови кои ги иритираат? Што може да се каже за суштествата кои се размножуваат повеќе отколку што им дозволува живеалиштето? Какви се суштествата кои ја загадуваат сопствената вода и храна? Од друга страна, како можете да ги судите суштествата кои живеат во хармонија со екологијата?“ – Пол Вотсон

Вотсон длабоко влегува во темата и го цитира истражувањето кое го споредува капацитетот на човечкиот мозок со оној на морските цицачи.

„Не е доволно да се разбере природниот свет, целта е да се одбрани и да се зачува.“ – Едвард Аби

Дури и да помислите дека не сте супериорни е навистина скромно. Ова мислење ќе предизвика возбуда и ќе нè инспирира да ја зачуваме нашата околина. Нашите алати се прекрасни, нашата наука е прекрасна, но треба да се користат за да се слави и да се подобри целиот живот. Мораме да сфатиме дека несвесното користење на нашите алати и наука ги уништува и нашиот и другите видови. Здравата иднина вклучува луѓе кои се свесни за ова и кои живеат во границите на нивниот екосистем. Ние ја имаме способноста да создаваме светови или да се уништиме. Како би сакале да живеете вие?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар