Луѓето можат да ја црпат вашата енергија исто како што растенијата се јадат меѓусебно

Луѓето можат да ја црпат вашата енергија исто како што растенијата се јадат меѓусебно

Едно истражување спроведено на Универзитетот во Билефелд, покажало дека растенијата можат да црпат енергија од други извори, како на пример од растенијата што им се во близина. Ова неверојатно откритие може да се примени и на други животни форми покрај растенијата. Станува збор за истражување што може да доведе до нови откритија во областа на биоенергијата, но и да докаже дека луѓето можат да црпат енергија од други луѓе исто како во случајот на растенијата.

Луѓето можат да ја црпат вашата енергија исто како што растенијата се јадат меѓусебно

Тимот, предводен од страна на професорот доктор Олаф Круз, нашол докази дека зелената алга по латинското име „Chlamydomaonas“ не само што врши фотосинтеза за да произведе енергија, туку и зема енергија од растенијата што се наоѓаат во нејзина непосредна близина. На сите растенија им треба сончева светлина и вода за да растат, исто како и на луѓето. Нашите тела се како сунѓери што ја впиваат енергијата од средината што нѐ опкружува. Ова е причината зошто некои луѓе се чувствуваат вознемирено кога се во близина на одредени поединци. Според докторката Оливија Бадер-Ли, ним им пречат измешаните емоции и енергијата што ги опкружуваат.

Во истражувањето, доктор Олаф Круз покажал дека во случај на недостаток од енергетски извори зелената алга црпи енергија од други едноклеточни растенија во форма на целулозни ензими. Овие целулозни ензими потоа се расчленуваат на едноставни шеќерни елементи со кои клетките се хранат и ги користат како извори на енергија. На овој начин, дури и кога нема светлина и вода и условите не се поволни за фотосинтеза, алгата продолжува да расте. Ова е првиот експеримент од ваков вид кој дошол до револуционерно откритие.

Според докторот Круз, растенијата јадат други растенија. Научниците се обидуваат да ги потврдат овие откритија и кај други видови алги и растенија. Бадер-Ли верува дека со развојот на технологијата, научниците ќе можат да ја докажат оваа појава и кај луѓето во блиска иднина. Човечкиот организам не е многу поразличен од оној на растенијата, бидејќи и на неговите клетки им треба енергија за да се размножуваат. На човечкото тело му треба енергија за да надмине некои емоционални состојби и може да произведува кортизол во клетките за да ги задоволи емоционалните потреби.

Бадер-Ли исто така верува дека во блиска иднина ќе биде лесно да се покаже биоенергијата, а науката ќе докаже дека луѓето и животните можат да се лекуваат меѓусебно само со пренесување енергија. Таа верува дека луѓето се способни да впиваат енергија од нивната околина и да се лечат со неа. Тоа може да е вистина ако го земеме предвид фактот што поврзаноста со природата им помага на луѓето побрзо да заздрават од емоционалните стресови и болести.

(2) Луѓето можат да ја црпат вашата енергија исто како што растенијата се јадат меѓусебно

Па, како да го заштитите вашиот простор и како да го спречите трошењето на вашата енергија?

Бидете фокусирани и приземни. Мора да бидете поврзани со вашата духовност за да почувствувате кога некој ви го нарушува просторот. Ако сте смирени и спиритуално сконцентрирани, ќе можете своеволно да се ослободите од туѓата негативна енергија.

Многу е важно да не давате отпор. Кога давате отпор, негативната енергија се натрупува во вас. Нареден пат кога ќе бидете опкружени со луѓе кои прават да се чувствувате непријатно, обидете се да не давате отпор. Можеби мислите дека на тој начин ќе се заштитите себеси и вашиот простор, но ќе се случи токму спротивното бидејќи негативната енергија ќе почне да се насобира во вас. Обидете се да останете опуштени, замислете си како вашето тело е проѕирно и негативната енергија ќе помине низ вас.

Бидете господари на вашата лична аура. Сите ние имаме енергетско поле што ги опкружува нашите тела. Тоа е вашата аура. Многу е важно да го познавате вашиот личен простор и неговите граници. Овие граници се околу една рака долги во сите правци од вашето тело. Обидете се да го замислите ова поле и заштитете го од туѓата енергија. Само така ќе можете да го заштитите вашиот духовен простор.

Одржувајте ја вашата енергија чиста. Тука боите играат многу важна улога. Златната е живописна боја која ќе ви послужи да го исчистите вашиот простор од туѓата енергија. Дозволете ѝ на чистата златна енергија да тече низ вашата аура и тело и ослободете се од туѓата енергија. Тоа ќе ви помогне да се почувствувате свежи и чисти.

Повикајте ја вашата енергија. Ако вашата енергија ви го исполнува просторот, нема да има место за друга непозната енергија да влезе внатре. Со текот на времето, честопати губиме голем дел од нашата енергија поради нејзино трошење.

Без оглед на тоа каде отишла вашата енергија, многу е важно да ја вратите назад. Обидете се да си замислите како ве врне златен дожд и тоа нека биде вашиот енергетски магнет. Дозволете му да ја впие вашата енергија. Замислете го како чиста златна енергија. Откако ќе ја впиете енергијата, ослободете ја во вашиот личен простор.

Во продолжение прочитајте како да се заштитите од луѓе кои зрачат со негативна енергија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар