Луѓето кои се мачат да станат од спиење се поинтелигентни

Луѓето кои се мачат да станат од спиење се поинтелигентни

Станувањето од кревет во студените зимски утра претставува вистинско мачење. Алармот кој не престанува да ѕвони ве принудува да го започнете денот, но креветот како да ве држи во прегратка и не ве пушта да станете. Стуткани во топлото ќебе стискате снуз и се лажете себеси дека ќе ви биде полесно ако отспиете уште 10 минути. Сепак, сите знаеме дека станувањето рано е клучот што ќе ви ја отвори вратата до успехот.

Луѓето кои се мачат да станат од спиење се поинтелигентни

Но, имаме добри вести! Најновите истражувања откриле дека спиењето не е луксуз за кој треба да се чувствувате виновни. Баш напротив! Доколку имате потешкотии да станете од кревет наутро, тоа е знак дека сте поинтелигентни, креативни и среќни.

Истражувањето со наслов „Зошто ноќните птици се поинтелигентни“ (Why Night Owls Are More Intelligent) открива дека луѓето кои имаат контрола врз нивното спиење, односно кои самите одредуваат кога треба да си легнат, а кога да станат се поинтелигентни од останатите. Копчето снуз е релативно ново откритие што го менува начинот на живот. Луѓето кои можат да се прилагодат на напорното секојдневие и на промените во навиките за спиење имаат повисок коефициент на интелигенција.

Ако го игнорирате звукот на алармот и не станувате веднаш штом ви заѕвони, туку реагирате според потребите на вашето тело, тоа значи дека секогаш ги следите вашите соништа и самите ги решавате проблемите. Тоа ве прави покреативни и понезависни. Резултатите од ова истражување биле потврдени и со друга слична студија направена на Универзитетот во Саутхемптон. Се истражувала социоекономската ситуација на 1.229 луѓе како и нивните навики за спиење. Резултатите покажале дека луѓето кои си легнувале по 23 часот и станувале по 8 часот наутро заработувале повеќе пари и имале посреќен живот.

И покрај тоа што вашиот креативен и интелигентен ум можеби се развива за време на тие доспивања наутро, не е препорачливо ниту премногу да спиете. Експертите советуваат дека на возрасните луѓе им се потребни 7 до 9 часа сон за да имаат здрав живот.

Барем сега можете да бидете сигурни дека нема да бидете прогласени за мрзеливи и недисциплинирани доколку уживате во тие 10 минути сон што ви ги овозможува копчето снуз.

Доколку си легнувате доцна и го преспивате цело утро, прочитајте зошто науката вели дека сте генијалци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар