Луѓето кои порано почнуваат со новогодишното украсување се посреќни
Сите знаеме дека најдоброто нешто за Нова година и Божиќ не се самите денови, туку возбудата додека се подготвувате и ги чекате. Овој период е полн со божиќни филмови, украсување, семејни собири и вистинска празнична еуфорија. Речиси секој сака овој период да трае вечно бидејќи е еден од најсреќните во годината.
Според психијатарот Стив МекКеон, луѓето кои порано почнуваат со подготовките за Нова година и Божиќ се всушност многу посреќни и повозбудени за животот, што очигледно е добра работа.
Стив нагласува дека носталгијата што се јавува во овој период нè враќа во детството – период кога сме немале обврски, работа, сметки, стрес…
„Иако постојат бројни причини зошто некој би бил опседнат со раните подготовки, најчесто причината е носталгијата и обидот да се проживее магијата на минатото. Во свет полн со стрес и анксиозност, луѓето сакаат да прават работи што ги прават среќни, а новогодишните декорации ги враќаат убавите чувства од детството. Декорациите се како пат кон овие волшебни емоции и возбуда.“
Носталгијата за време на празничниот период исто така нè потсетува и на саканите кои повеќе не се со нас.
„Можеби празниците ви се потсетник за времињата кога некоја сакана личност била жива. А можеби гледањето во елката ве потсетува на времињата кога сè уште сте верувале во Дедо Мраз.“
Но тоа не е сè. Наводно, луѓето кои сакаат да го украсуваат домот и однадвор се попријателски настроени за разлика од нивните соседи.
Па доколку ја чувствувате празничната еуфорија уште сега, што чекате? Пуштете си го омилениот божиќен филм, направете варено вино и почнете да размислувате за вашите декорации. Не грижете се за оние кои ќе ви судат, очигледно вие сте многу посреќни од нив.
Ако веќе почнавте да размислувате како ќе изгледа вашата новогодишна елка, погледнете ги овие стилови на украсување за сечиј вкус.