Луѓето кои обожаваат лута храна најверојатно се мазохисти

Луѓето кои обожаваат лута храна најверојатно се мазохисти

Дали обожавате да јадете феферони, чили и секаков вид лута храна? Лутата храна е добра за нашето здравје, но сепак научниците не се сосема сигурни зошто некои луѓе можат да ја толерираат лутината, а други не можат да вкусат ниту едно мало луто пиперче. Меѓутоа, постојат неколку теории зошто е тоа така.

Луѓето кои обожаваат лута храна најверојатно се мазохисти

Една од причините е дека некои луѓе се едноставно родени со помал осет за лутина. Имено, нивните рецептори за топлина се помалку чувствителни од оние кај останатите луѓе. За тоа е заслужен протеинот TRPV1 кој реагира на физичка температура, но и во случај кога молекули од лута храна (капсаицин) ќе се сврзат за него. Со други зборови овој протеин има намалена реакција кај луѓето кои можат да толерираат лута храна.

Другата причина е дека некои луѓе се навикнале на јадење многу лута храна, па нивните рецептори за топлина едноставно ослабеле и не се веќе толку чувствителни на лутина. Тие развиле толеранција на капсаицин што им овозможило без проблем да уживаат во лутите специјалитети.

Третата и најверојатна причина е дека луѓето со висока толеранција на лутина се бенигни мазохисти, што е поврзано со карактерните особини. Со текот на времето тие научиле да уживаат во болката што ја предизвикува лутата храна, а тоа може да се смета за еден вид мазохизам.

Во која група се пронаоѓате вие? Погледнете го следново видео за да добиете подетални информации на оваа тема…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар