Луѓето кои носат „луди“ чорапи се побрилијантни, покреативни и поуспешни
Чорапите се нужност. Но, во зависност од тоа дали избирате црни, бели и сиви или разнобојни, тие може да откријат интересни податоци за вашата личност. Ви звучи невообичаено? Па, една нова студија открила дека екстравагантните и луди чорапи кои ги избирате, не само што кажуваат многу за вас, туку откриваат интересни факти и за начинот на кој луѓето ве гледаат.
Скромна шанса да се покаже голем потенцијал
Кога некој не е во согласност со нормите во општеството, таа личност може да биде сметана како чудна и малку „луда“. Чорапите се мал, скриен дел од вашата облека и речиси се таинствени. Иако не се најочигледно парче облека, тие имаат огромен потенцијал за да ја покажат индивидуалноста.
Што велат „лудите“ чорапи за вас?
Една студија објавена во списанието за истражување на потрошувачите ја анализирала теоријата дека луѓето кои не се конформисти, потенцијално може да бидат доживувани како личности со висок статус и со поголема компетенција од оние кои се во согласност со социјалните норми. А што вели ова за вашиот избор на носење светли, шарени или чорапи со различни дезени? Па, било откриено дека луѓето кои намерно избрале да носат „луди“ чорапи, биле доживувани со зголемен статус и компетентност во очите на другите. Со други зборови, луѓето ги гледаат овие личности како побрилијантни, покреативни и поуспешни.
„Ние предложивме, под одредени услови, дека несоодветното однесување може да има повеќе придобивки за некој, отколку едноставно да се обидува да се вклопи. Со други зборови, кога изборот изгледа како да е намерен, личноста во очите на другите делува како да има повисок статус и поголема компетентност“, изјавиле авторите на студијата од универзитетот Харвард.
Замислете некој бизнисмен, облечен во скап костум, кој носи светло розови чорапи. Тие не се во согласност со целиот негов изглед, но храброста на изборот покажува дека е бунтовен и горд човек.
Перцепцијата на „лудите“ чорапи
Д-р Адам Галински, социјален психолог при универзитетот Нортвестерн, спровел студија која покажала дека она што го носат луѓето влијае на начинот на кој тие мислат, се чувствуваат и дејствуваат. Ова ги вклучува и чорапите. Кога ги облекувате вашите „луди“ чорапи, вие делумно ја покажувате вашата уникатност и доверба. Тоа е нешто што ви помага да се чувствувате добро во својата кожа, да имате доверба да носите што сакате и да го прифатите тоа. Ова ви помага да постигнете повеќе успех, затоа што не ви недостига храброст или доверба.
Ова исто така покажува дека вие не се грижите за тоа што луѓето генерално го мислат за вас. Па, ако обожавате разнобојни, чудни и „луди“ чорапи, тогаш не срамете се истите да ги покажете пред светот. Не само што ќе им покажете на другите дека сте уникатни, туку ќе имате и добри резултати!
Спиете со или без чорапи? Дознајте што открива тоа за вас!