Луѓе споделуваат приказни за соученици кои целосно си го промениле животот
Додека сме на училиште, иднината на некои од соучениците изгледа навистина светло, додека пак за други речиси сè изгледа безнадежно. Но нашите животи се многу поразлични од секоја прогноза. Па кога повторно ќе се соберете со старите соученици, понекогаш не можете ни да си поверувате што се случило во животот на некои од нив. Неколку луѓе на Редит споделиле приказни за животниот пат што го одбрале нивните соученици, а приказните се толку драматични, што би можеле да бидат и сценарио за филм.
„Еден од моите најпаметни соученици никогаш не обрнуваше внимание на часовите и никогаш не ја пишуваше домашната. На училиште или спиеше, или не доаѓаше. Неодамна тој го продаде неговиот старт-ап проект за сума со 8 цифри и сега повторно ужива во тоа да не прави ништо.“
„Една девојка со којашто учев во средно беше ужасна личност. Беше себична и егоцентрична и не можев да ја поднесам. Имаше празен и непријатен карактер. 20 години подоцна, таа се жртвуваше за да спаси 3 деца што не ги познаваше, а коишто се давеа во морето на локалната плажа.“
„Тивкиот бубалица од последниот ред сега е директор на Плејбој во Тајланд.“
„На мојата соученичка ѝ одеше навистина лошо на училиште и често не доаѓаше. Велеше дека сè што сака да прави во животот е да се венча и да гледа телевизија по цел ден. По некое време, ги претстави нејзините креации на Модната недела во Париз и направи неколку креации за славни. Кога го разлистував Вог Австралија, најдов текст од 4 страници за неа. Бев навистина изненадена.“
„Никогаш не бевме пријатели, но бев во истиот клас со девојка што одлучи да стане актерка. Таа беше една од Моќните ренџери.“
„Мојот пријател, талентиран артист, беше навистина заинтересиран за дизајн за компјутерски игри. Во средно работеше со независни дизајнери и бев сигурен дека ќе се приклучи на студио за видео игри после матурирањето. Сега продава покуќнина.“
„Две момчиња кои продаваа нелегални супстанци во средно, делеа соба неколку месеци пред матурирањето. 2 месеци после матурската, и двајцата ѝ се приклучија на полицијата во Лас Вегас.“
„Едно момче од мојот клас беше навистина добар ученик, но никогаш не би го нарекол брилијантен. Подоцна открив дека се преселил во Њу Џерси и дека работел како менаџер за голема фармацевтска компанија и станал мултимилионер. Тој е добар човек и навистина сум среќен за него, ама навистина се изненадив.“
„Елизабет сакаше да се забавува и беше добра ученичка и бунтовничка. Правеше нешта што дури и најлошите деца во училиште не можеа да ги замислат. Но секогаш се извлекуваше бидејќи беше доволно паметна да не се фали за тоа. Пушеше, пиеше, земаше нелегални супстанци, се забавуваше по цела вечер и не само затоа што сакаше внимание, туку бидејќи сакаше да живее така. 10 години подоцна, ја сретнав на улица и не ја познав. Сега е атлет и живее здрав живот.“
„Безгрижната навивачка со која одев на училиште сега стана навистина моќна обвинителка. Девојката што сакаше да се забавува служи во англиска црква. А момчето кое изгледаше амбициозно, се отпиша од факултет и сега е работник на градилиште.“
„Мојот соученик беше навистина паметно момче, но откако неговите родители починаа тој ја наследи нивната куќа, даде отказ и буквално си го потроши животот седејќи на каучот и дебелеејќи се. Како резултат, почина од инфаркт на 48 години.“
„Речиси сите мои пријатели анархисти ѝ се придружија на војската.“
„Мојата пријателка беше навистина фокусирана на неа и се гледаше само со богати момци. Се колнеше дека никогаш нема да се венча и да има деца. Рече дека целта ѝ била да биде бизнисмен и работеше како модел и слични работи. Оттогаш поминаа 10 години. Таа се поправи, а сопругот ја остави за друга жена. Сега сама го одгледува нејзиното дете со попреченост во развојот. Таа е прекрасна мајка, но стана личноста за која ветуваше дека никогаш нема да стане.“
„Девојката која беше во првите 10 во генерацијата имаше планови да стане адвокат. Отиде на факултет и научи повеќе да ужива во уметноста. Кратко беше актерка, но неуспешна. Се пресели дома со родителите и започна бизнис со фотографија, но не успеа. Сега е навистина успешна танчарка! Иако имаше многу неуспеси, секогаш ќе ѝ се восхитувам на нејзината волја да проба нешто ново.“
„Минатата вечер бев во мал театар да ја изгледам претставата „Злобни мртовци: Мјузикл“. На сцената се појави момче што го немав видено 35 години. Чудно е колку е мал светот понекогаш.“
„Во генерацијата од 149 деца, 148 заминавме на факултет. Само едно момче одлучи да оди на ‘турнеја’ со неговиот бенд. Другите членови од бендот матурираа претходната година. Околу 6 години подоцна, сè уште одат на турнеи и станаа навистина познати. Навистина би било интересно да отидам на еден од нивните концерти и да се дружиме зад сцената.“
Доколку ви е потребна мотивација, прочитајте ги и овие вистински приказни за неуспеси што довеле до најголемите светски успеси.