Луѓе споделуваат популарни недоразбирања во врска со нивното работно место

Луѓе споделуваат популарни недоразбирања во врска со нивното работно место

Речиси секој знае како изгледа да разговарате со личност која воопшто не знае што претставува вашата професија. Понекогаш овие разговори стануваат фрустрирачки бидејќи треба одново и одново да објаснувате што всушност работите.

Луѓе споделуваат популарни недоразбирања во врска со нивното работно место

Неодамна еден дизајнер на икони за апликации, Луи Мантија поставил прашање на Твитер: Што е она што изгледа очигледно кај вашата професија, но јавноста изгледа како да не го разбира? Многу луѓе уште веднаш одговориле и се обиделе да ги срушат митовите кои кружат околу нивните кариери.

„Бев инспириран да го поставам прашањето бидејќи постојат многу недоразбирања и за моето работно место. Порано тој ден напишав нешто во врска со дизајнирањето икони за апликации и се соочив со многу недоразбирања. Сфатив дека најверојатно огромен број луѓе го почувствувале истото и за нивните работни места.“

Луи смета дека постојат многу причини за овие недоразбирања, но највиновна е поп културата.

„Сериите со болници ги претставуваат работните места во болница неправилно. Криминалните серии го прават истото со кариерите во правото. Телевизијата и филмовите можат да направат вистинска штета.“

Па, погледнете ги одговорите што ги добил Луи.

1. Менаџер

„Да бидеш добар во својата работа не те прави најдобрата личност за менаџирање на другите коишто го работат истото.“

2. Програмер

„Повеќето програмери не знаат зошто не ви работи печатачот.“

3. Медицинска сестра

„Медицинските сестри имаат многу ниски плати. Не сме сите секси. Работиме и надвор од болницата. Често сме платени по одработени часови и не ни плаќаат ако не работиме. Осигурителните компании ги покриваат сите медицински лица – доктори, специјалисти, терапевти, но не и нашите часови.“

4. Библиотекар

„Всушност, библиотекарите сè уште постојат.“

5. Еколог

„Климатската промена е сигурно реална и предизвикана од човекот, а тој сомнеж е создаден од групи со посебен интерес.“

6. Фотографи

„Фотографијата не ѝ припаѓа на јавноста само затоа што сте ја нашле на Интернет.“

7. Терапевт за брак, семејство и секс

„Мојот брачен статус нема влијание на моето знаење, мудрост, емпатија или етика. За терапијата е потребно време, можеби недели, можеби месеци. Не очекувајте во една сеанса да го поправам она што сте го уништувале со години. Сексуалните проблеми ретко се поврзани со сексот.“

8. Уредник

„Уредувањето вклучува повеќе средување на аргументите и структурата на приказната наместо средување на реченици. Кога ќе му кажам на некој дека сум уредник на книги, добивам коментари во стилот: Тоа е одлично! Сакам да наоѓам печатни грешки.“

9. ИТ консултант

„Само затоа што некој работи во оваа област не значи дека може да го дијагностицира или среди проблемот со вашиот компјутер дома или пак да направи веб-сајт за вас.“

10. Шумар

„Дрвата не живеат засекогаш. И тие имаат животен век како луѓето. Понекогаш умираат од старост.“

11. Клинички социјален работник

„Клиничките социјални работници пружат најмногу грижа за менталното здравје. Не, не процесираме апликации за благосостојба. Не, не одземаме деца.“

12. Нутриционист

„Не треба да бидете на диета или да избегнувате цела група храна за да се храните здраво. Всушност, тоа е нездраво.“

13. Археолог

„Археолозите не се справуваат со диносауруси и малкумина од нас одат на ископувања во странство.“

14. Шанкер

„Ако побарате помалку мраз не значи дека ќе има повеќе алкохол во пијалакот!“

15. Клеточен биолог

„Невозможно е да се разбере ракот без разбирање и верување во еволуцијата.“

16. Асистент

„Иако сум нечиј асистент, не сум асистент на сите.“

17. Пекар

„Често ми велат бидејќи сум направила убави колачиња, мора да имам убава рерна. Рерната помага, но причината за убави колачиња не е тоа.“

18. Масер

„Масирањето не е лесно. Не, моите раце не болат освен ако не масирам над 5 часа без пауза. Не, нема да добиете ‘среќен крај’. Не, не сум необразован хипик.“

19. Адвокат

„Адвокатите обично специјализираат во една област од правото. Ова значи дека можеби нема да можам да ви го одговорам прашањето за формирање бизнис, дрога, кршење на човечки права и убиство од втор степен.“

20. Психолог

„Не можам да ги прочитам вашите мисли.“

Дали знаете на кои работни места вработените имаат највисок коефициент на интелигенција?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар