Лудиот ноќен живот на Закинтос
Откако денот ќе го поминат сончајќи се на беспрекорните плажи и уживајќи во баровите покрај нив, забавата за посетителите на Закинтос не престанува. Заоѓањето на сонцето го означува само почетокот на лудиот ноќен живот.
Ноќите на Закинтос се диви. Секоја забава таму е дива. Штом се стемни, клубовите почнуваат брзо да се полнат со млади луѓе, кои со помош на гласната музика и не многу скапиот алкохол танцуваат и создаваат еуфорична атмосфера која трае сè до изгрејсонце. Се пушта главно електронска музика, но има и клубови и барови кои прават журки со музика од минатиот век, хип-хоп или рок забави, а се наоѓаат и караоке забави. Покрај тоа клубовите ангажираат и жонглери, дувачи на оган, организираат пена парти, тивки диско журки, разни други тематски забави и сè друго што им паѓа на памет и е интересно.
Сето тоа не е многу скапо дури и за нашиот стандард. Ретко се плаќа за влез во некој клуб или бар, освен кога гостува некој познат диџеј. Просечната цена на едно пиво е 2 евра, жестоките пијалаци се за околу половина евро поскапи, а безалкохолните се движат под две евра. Во повеќето клубови често пати кога ќе платите за еден пијалак добивате уште еден гратис.
Тоа гарантира незаборавна забава. Утредента наполнете се со енергија дремејќи на прекрасните плажи, па вечер пак одново.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
kaj nas 150 denari 0,33skopsko u diskoteka,kaj niv 2evra(120denari)sramotaaaaa beeee….smrdlivoto skopje poskapo od zabavniot zakintos -.- >:(
I posle zosto ohrid bil prazen pa eve vi ziv primer