Луда караоке изведба на бензинска станица
Замислете, одите на бензинска да ставите гориво, на екранот над пумпата ТВ водител најнормално си чита вести, и оп – во еден момент ви се обраќа. Ова се случува во видеото подолу, кое е ултраинтересно и екстрасмешно заради реакцијата на човекот кој „наседнал“ на шегата.Од него се бара да испее песна за што му ветуваат бесплатно полнење на резервоарот, а тој пак се погодил – љубител на пеење и караоке фан, како едвај да чекал ваква прилика. 🙂 Но, дејството станува уште поинтересно кога во него ќе се вклучат и други „изведувачи“. 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.