Лошото детство е поврзано со интензивната креативност

Лошото детство е поврзано со интензивната креативност

Според долго научно истражување, постои нераскинлива врска помеѓу трауматичното детство и талентот и креативноста кои таа личност подоцна ги покажува. Оваа студија е спроведена на Државниот Универзитет во Калифорнија, а учествувале 234 креативни професионалци. Нејзина цел била да се побара причината и за најмалите ментални нарушувања кај овие луѓе.

Лошото детство е поврзано со интензивната креативност

Според Пола Томсон, еден од авторите на студијата, оние кои работат креативна и уметничка работа, имале и некаква позадина на ментални проблеми, најчесто предизвикани од детството. Во истражувањето учествувале 83 актери, режисери и дизајнери, 129 танчари и 20 музичари. Тие биле поделени во три групи: оние со голема аверзија кон детството, оние со средна до ниска и оние со мала до никаква аверзија. Учесниците од првата група се покажале како најкреативни.

Тие во минатото покажале епизоди на анксиозност, срам од детството и трауматични случки, но и биле посклони кон фантазирање. Исто така, лесно успевале да се дистанцираат од критичката свесност, да учат повеќе, но и да покажат склоност кон уметноста.

Секако, секој поединец има своја лична приказна која на некој начин влијаела на тоа што е денес. Она што било заеднички за сите е дека покажале дека креативноста им помага да го најдат целиот дел во себе кој ги прави исклучително талентирани, да се задлабочат во својата душа и да покажат одлични резултати во својата работа. Кај сите, лошото минато било мотив и главно „гориво“ во нивниот денешен успех.

Засега, оваа студија е фокусирана на креативната работа, а се очекува да се прошири и на повеќе професии, за да може да се најде врската помеѓу раните искуства и она што личноста станала на возрасни години. Томсон истакнува и дека е загрижувачки бројот на личности кои поминале низ некоја траума уште во детството, а често и низ многу повеќе, но и покрај тоа научиле како да ја зграпчат шансата и да ја развијат својата креативност. Тие, всушност, нашле начин во животот да го покажат она човечкото, кое им недостигало, а кое останало во нивната личност и покрај лошите искуства.

Прочитајте и зошто токму најсилните девојки се оние што имале најлошо детство!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар