Лошите шефови можат да ги разболат своите вработени
За поголемиот дел од луѓето ширум светот, шефовите се причина за огромен стрес на работата. Според една неодамнешна студија, лошиот шеф може да биде исто толку штетен за вработените како и пасивното пушење. Резултатите исто така укажуваат и на фактот дека колку подолго работите со токсичен шеф, толку поголема ќе биде штетата на физичкото и менталното здравје.
Според студијата, 75% од вработените веруваат дека нивните шефови се најголемата причина за стресот на работа. Но, дури 59% од нив не би ја напуштиле работата. Статистиките покажуваат дека вработените се навикнуваат на нивната работа, без разлика на фактот дека се навистина несреќни. Ова дополнително го комплицира процесот за давање оставка бидејќи тие веќе не се мотивирани да бараат поздрава околина за работење што може да им ја подобри ситуацијата.
Истражувачите од Харвард и Стенфорд собрале податоци од над 200 студии и откриле дека стресот на работа може да биде исто толку штетен за здравјето како и изложувањето на голема количина чад од цигарите на луѓето околу вас. Главната причина за стресот на работа за повеќето вработени е ризикот од губење на истата. Како последица, дури 50% од овие вработени се посклони на проблеми со здравјето од нивните колеги.
Од вработените на тешки работни позиции се очекува многу повеќе и тоа дополнително ги зголемува нивните шанси за акутни здравствени проблеми, дури до 35%. Во некои случаи, проблемите со шефовите се еден вид афинитет. Но, најчесто проблемот доаѓа директно од самиот шеф, што најдобро би можел да се опише како реална верзија од Миранда Присли (од филмот „Ѓаволот носи Прада“).
Како да препознаете во која категорија спаѓате? Лошите шефови се најчесто премногу агресивни, нарциси, па дури и насилни. Тие користат фрази како „Ние отсекогаш така сме правеле“, „Биди среќен/среќна што воопшто имаш работа“ и „Местово е хаос кога не сум тука“.
Бидејќи е навистина тешко да се даде отказ и да се почне нешто од почеток, многумина одлучуваат да продолжат да работат на место каде што не се задоволни. Ова брзо преминува во навика и нивото на мотивација почнува да се намалува.
Ако се пронајдовте во овој опис, тогаш погледнете ги и следниве едноставни стратегии што ќе ви помогнат да ги преживеете моментите на професионална криза:
1. Направете листа од целите во текот на денот, и прецртувајте ги како што ќе ги завршувате. Ова чувство на завршување ќе ви помогне постојано да се движите напред.
2. Исклучете го службениот телефон за време на викендите. Ова ќе ви помогне да си ги наполните батериите барем за кратко.
Соопштение до сите шефови: Зошто треба да им дозволувате на жените да дремнуваат на работа?