Љубовта е нешто магично...

Љубовта е нешто магично…

Љубовта претставува најголема светлина во животот на луѓето. Секој од нас знае дека таа го зголемува квалитетот на нашето постоење. Ако сè уште меѓу вас постојат такви кои не веруваат во ова, прочитајте ги следниве интересни научни факти за љубовта, кои ја докажуваат оваа теорија.

1. Најстарата љубовна песна е напишана пред 4.000 години, а потекнува од областа помеѓу реките Тигар и Еуфрат.

Љубовта е нешто магично...

2. Заљубувањето предизвикува смирувачки ефекти на телото и умот, помага во обновување на нервниот систем и ја подобрува меморијата на личноста која е заљубена.

3. 65% од луѓето кога се бакнуваат ја навалуваат главата на десно, за да го избегнат удирањето со носовите.

Љубовта е нешто магично...

4. На секоја петта долготрајна љубовна врска, двајцата партнери кога ја започнале, истовремено биле и со друг/друга.

5. Жените кои читаат љубовни романи имаат два пати повеќе секс, од оние кои не читаат.

Љубовта е нешто магично...

6. Човекот во просек поминува околу 2 недели од животот во бакнување.

7. Секојдневно во светот се случуваат околу 120 милиони сексуални односи.

Љубовта е нешто магично...

8. Силното чувство на заљубеност може да предизвика исто ниво на стрес, како кога чувствуваме голем страв. Телото реагира на ист начин: зениците се прошируваат, дланките се потат и срцето почнува побрзо да чука.

9. Според неодамнешно истражување, меѓународниот аеродром во Филаделфија, е прогласен за аеродром број 1 според тоа колку љубовни конекции се создале таму.

10. Мажите кои наутро ги бакнуваат нивните жени, живеат 5 години подолго од оние кои не го прават тоа.

Љубовта е нешто магично...

11. Откриено е дека 85% од мажите кои умреле од срцев удар во текот на сексуалниот однос со нивната сопруга, имале афери со други жени.

12. Традицијата момчето да и стави дијамантски прстен на својата девојка на денот кога ќе ја запроси, потекнува од 15 век, кога Аркдјук Максимилијан од Австрија, и дал прстен со дијаманти на својата свршеница Мери од областа Бургундија.

Љубовта е нешто магично...

13. Луѓето кои се тазе вљубени лачат помало ниво од хормонот серотонин. Нивото е толку ниско, како кај луѓето кои имаат опсесивно–компулсивно нарушување. Можеби тоа е причината зошто луѓето лесно се опседнуваат со луѓето во кои се заљубени.

14. Брадата кај мажите расте побрзо, ако претчувствуваат дека набргу ќе имаат секс.

Љубовта е нешто магично...

15. Според математичката теорија, треба да се забавуваме со околу 12 луѓе, пред да избереме партнер за долга врска, бидејќи на тој начин шансите се големи дека ќе го направиме најдобриот можен избор.

P.S. Ова можеби нема да ве изненади, но сепак сакавме да го споделиме со вас: романтичната врска ги прави и мажите и жените посреќни. Колку е нивната врска поцврста, толку е поголема среќата на партнерите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Aleksandar Mladenovski Reply

    да бе, бричи се почесто, па ќе ти расте почесто и брадата хахаха

Остави коментар