Љубовни цитати од „Хари Потер“ што ќе ви го стопат срцето
Доколку сте ги прочитале книгите за малиот волшебник сигурно сте забележале дека тие опфаќаат многу теми, но покрај сите тие магични настани и борби помеѓу волшебници, најверојатно не ви паднало на памет дека љубовта е еден од најважните елементи во оваа приказна. Во „Хари Потер“ се зборува за романтична љубов, платонска љубов, невозвратена љубов, вечна љубов, љубов кон знаењето и љубов за којашто луѓето се подготвени да си го ризикуваат животот. Прочитајте ги најубавите љубовни цитати од „Хари Потер“ кои несомнено ќе ви го стопат срцето…
„Кога ќе проживеете исто толку работи колку мене, нема да ја потценувате моќта на опсесивната љубов.“ – Хорејс Слагхорн
„Разликите во навиките и јазикот не се воопшто важни ако нашите цели се идентични, а нашите срцата отворени.“ – Албус Дамблдор
„Крвта му струеше во ушите. Тој ја јавна метлата, силно удри со нога по земја и високо се издигна. Воздухот му ја мрсеше косата, а неговата наметка се вееше зад него. Во оваа бура од неизмерна радост тој сфати дека може да направи нешто, без да го научи. Ова беше лесно, ова беше прекрасно.“ – Џ. К. Роулинг
„Кога е човек сакан толку длабоко, дури и тогаш кога личноста која нѐ љубела ќе замине, нејзината заштита ќе биде засекогаш присутна.“ – Албус Дамблдор
„Ти си заштитен од твојата способност да љубиш! Тоа е единствената заштита што може да се бори против огромната моќ на Волдеморт! И покрај сите искушенија и страдања, твоето срце остана чисто…“ – Албус Дамблдор
„Постојат неколку работи што не можете да ги споделите без да си се допаднете еден на друг, а борбата против џиновски трол е една од нив.“ – Џ. К. Роулинг
„Оние што нѐ сакаат никогаш не нѐ напуштаат целосно. Секогаш можеме да ги најдеме, тука.“ – Сириус Блек
„Неговите очи се зелени како свежа кисела жаба, неговата коса е црна како црна табла. Посакувам да беше мој, тој е секогаш свој, херој кој може да го победи најголемото зло.“ – Песничка за Денот на вљубените
„Сѐ е дозволено во љубов и војна, а ова е и од двете по малку.“ – Рон Визли
„Тоа ги покажува најдлабоките и најочајните желби на нашето срце. Ти никогаш го немаш видено твоето семејство, но ги гледаш како стојат пред тебе. Роналд Визли кој отсекогаш бил засенет од неговите браќа, се гледа себеси како стои сам, како е најдобар од сите. Меѓутоа, ова огледало нема да ни даде ниту знаење ниту вистина. Луѓе си го имаат потрошено животот стоејќи пред него, маѓепсани од она што го виделе, па дури и полуделе, без да знаат дали тоа што се покажува е вистинито или возможно. Не е добро да живееш во соништа и да заборавиш да живееш. Запомни го тоа.“ – Албус Дамблдор
„Ќе останам со тебе до самиот крај.“ – Џејмс Потер
„Дамблдор би бил најсреќниот човек кога би верувал дека постои малку повеќе љубов на овој свет.“ – Професорката МекГонагал
Не постои сомнеж дека книгите за Хари Потер се полни со непроценливи мудрости, а најголема е мудроста за животот и надежта на професорот Дамблдор.