Љубовната приказна на овие две мачиња ќе ве разнежи!
Луи и Луна се две посвоени мачиња кои станаа вистинска Интернет сензација. Тие се прославија со нивната фотографија на која се бакнуваат до новогодишна елка. Изгледа дека навистина љубовта е насекаде, а овие мачиња нѐ потсетија токму на тоа.
„Откако ги посвоив, тие се неразделни и сѐ прават заедно. Тие спијат, јадат и ја уништуваат мојата елка заедно како тим!“, изјавил нивниот сопственик Џејмс од Флорида.
Џејмс е многу среќен што љубовта на овие две 10-месечни мачиња послужила како инспирација за многу луѓе.
„Многу луѓе коментираа дека фотографијата им го разубавила денот. Имаше коментари и од типот ’Се расплакав од што е убава фотографијата’. Сакам да ги гледам луѓето среќни и драго ми е што тие пронаоѓаат среќа во фотографии од мачки“, објаснил Џејмс.
Дури и да не сте љубители на мачки, нема сомнеж дека овие фотографии ќе ве разнежат и ќе ви го стопат срцето. Освен тоа, ќе го почувствувате духот на празниците и ќе се сетите на најголемата сила во светот – љубовта.