Љубовната приказна на Барак и Мишел Обама раскажана преку фотографии
Во 1989 година Барак Обама и Мишел Робинсон отишле на првиот љубовен состанок, а 27 години подоцна тие важат за најпознатата двојка во светот, што не е воопшто чудно со оглед на тоа што се работи за претседателот и првата дама на САД.
Тие прв пат се запознале додека Мишел работела како соработник за маркетинг и интелектуална сопственост во една адвокатска фирма во Чикаго. Летото во 1989 година таа станала советник на еден практикант по право од Харвард. Неговото име било Барак Обама, а останатото е историја. Тие биле во врска 3 години пред да се венчаат во 1992 година. Погледнете ги следниве фотографии на кои се овековечени најблескавите моменти од нивната љубовна приказна почнувајќи од нивниот прв љубовен состанок во киното „Harper Theater“ во Чикаго, па сè до денешен ден…