Љубовен пар кој стана вистинска Интернет сензација: Нивните вежби изгледаат физички невозможни!
Сигурно отсекогаш сте посакувале да најдете некое хоби што ќе ви биде интересно и вам и на вашиот партнер и во кое ќе можете заеднички да уживате. Џулиен Дегр и Остин Реј пронашле заедничка страст и решиле да ја споделат истата на Интернет.
Оваа двојка е дефиниција за фит љубовен пар што својата инспирација ја добива од вежбањето. Имено, тие редовно делат совети за обликување на телото на социјалните мрежи, но особено популарни станаа по нивното компилациско видео што се појави на Фејсбук страната „Muscle Madness“.
Џулиен и Остин предизвикуваат восхит со нивната неверојатна синхронизација присутна и во најобичните вежби како што се стомачните, сквотовите (чучнувања) и кревањето тегови.
Тие успеваат и најсекојдневните потези да ги претворат во вистинско чудо.
Заљубениот атрактивен пар не бира ниту време ниту место за вежбање што може да се види од нивните многубројни фотографии кои изгледаат надреално.
За 10-тина дена нивното видео било прегледано над 30 милиони пати и мотивирало луѓе од целиот свет да започнат со вежбање и да си го подобрат квалитетот на животот. Којзнае, можеби ќе ве мотивира и вас!