Љубов што трае 70 години: Прочитајте ја приказната за жртва на холокаустот и војникот што ја спасил
Кога 23-годишниот Џон Мекеј ја спасил 20-годишната Едит Стејнер од Аушвиц, во 1944 година, ниту еден од нив не знаел дека целиот живот ќе го поминат заедно.
Џон, кој еднаш избегал од италијански затвор во воен камп во Либија преправајќи се во италијански војник, бил дел од шкотската единица која ја ослободила Едит, како и многу други од ужасот на Аушвиц. Затворениците секојдневно трпеле закани за погубување, а и биле во кампот во исто време со Јозеф Менгеле. Едит, која потекнува од Унгарија, изгубила 39 членови од своето семејство за време на холокаустот, и само таа и мајка ѝ преживеале.
Кога имале прослава за ослободувањето на затворениците, Џон замолил еден пријател да ѝ рече на Едит да танцува со него. Едит му рекла на пријателот дека ќе ја прифати поканата, но само ако Џон лично ја праша. Џон собрал храброст, и нивниот прв танц бил почеток на љубов која трае веќе 70 години. Тие се венчале на 17-ти јули, 1946 година. Откако се вратиле во Шкотска, тие отвориле хотел, и пречекале две деца, Шерон и Питер. Овој пар се прослави оваа година кога го славеа 71-от ден на вљубените. За жал, 3 недели пред нивната годишнина, Едит почина на возраст од 92 години. Иако таа веќе не е со нас, оваа неверојатна приказна секогаш ќе нè потсетува што значи вистинската љубов.
Прочитајте ја и оваа неверојатна вистинска приказна за девојката со амнезија и нејзиното момче кое одново ја натерало да се вљуби во него.