Љубов, секс, кариера: Кои се најдобрите години во животот?
Едно ново научно истражување покажало дека просечниот човек е најбогат во својата 47-ма година од животот. Испитувањето кое опфатило 2.000 мажи и жени во Велика Британија, покажало дека луѓето во просек се најсреќни на 39 години, а во својата кожа се чувствуваат најубаво во 31-та година од животот, додека најголемиот напредок во кариерата го доживуваат на 38 години.
Според истражувањето, другите важни години во животот се во 40-тите, кога сме најзадоволни во љубовта, додека платите се највисоки во 42-та година.
Вкупно 23% од испитаниците рекле дека би го искористиле напредокот на технологијата за да постигнат вечен живот.
Ова се најважните години во животот на луѓето:
- Најздрави сме во 30-тите години.
- Најбогати сме на 47 години.
- Најсреќни сме на 39 години.
- Најзадоволни сме со својот изглед на 31 година.
- Најсреќни во кариерата сме на 38 години.
- Најдобар секс имаме на 32 години.
- Најзадоволни од врската сме на 40 години.
- Вистинската љубов ја наоѓаме на 32 години.
- Најдобро се забавуваме на 24 години.
- Најголеми примања имаме на 42 години.