Љубители на книги, дали и вие страдате од „цундоку“?
Вие не смеете да бидете во книжарница без надзор, се ужасувате и при самата помисла дека еден ден ќе ви снема простор во вашата домашна библиотека, но ретко кога имате време за читање? Ако се пронајдовте во овој опис, не грижете се – не сте единствени! Всушност постои збор за целиот тој ентузијазам за книги, но недостатокот на желба за нивно читање.
Ви го претставуваме цундоку – јапонскиот збор за купување многу книги и дозволувајќи им да се насоберат без да ги прочитате. Терминот доаѓа од „цунд“ (насобирање работи) и „докушо“ (читање), и да бидеме искрени звучи многу поубаво од обичните описи за оваа состојба, како неред или мрзливост.
И целосно ве разбираме. Постојат толку неверојатни книги ширум светот, зарем некој навистина има време да ги прочита сите? Но тоа не значи дека не треба да ги имате крај себе, за секој случај, кога конечно ќе имате малку слободен простор за читање. Сепак размислете, колку пари сте дале за нешто што само ви фаќа прашина?
За да го решите овој проблем, обидете се да се зачлените во некоја библиотека, па кога ќе добиете желба за читање, истрчајте прво до неа. Или зошто па да не донирате книги или да не ги подарувате? Кажете им на вашите пријатели дека им го пренесувате дарот познат како цундоку – тие нема да имаат поим за што им зборувате, но ќе се почувствуваат поласкано бидејќи овој збор навистина звучи фенси.
На крајот на краиштата, можете да ја прифатите технологијата и да си купите нов таблет каде што ќе ги имате сите книги во електронска верзија. Можеби нема да биде толку романтично како држењето книга во сопствените раце, но многу е полесно за чистење од неуреден дом со книги расфрлани на сите страни.