Листа за патување за девојките кои сакаат да излезат од удобната зона
Патувањето е совршениот начин да ја напуштите вашата удобна зона. Новите искуства можат да бидат застрашувачки, но патувањето ќе ве присили да ги прифатите. Ќе се најдете сами на улица, ќе разговарате со странци, па дури ќе пробате и храна за која не сте ни знаеле дека постои. Овие нешта предизвикуваат вистински страв, па повеќето ги избегнуваат. Сепак, дознаваме многу повеќе за светот и самите себеси кога пробуваме нови нешта. Па, ако сакате да излезете од удобната зона со помош на патување, оваа листа ќе ви помогне во тоа.
1. Падобранство
Ако сте во потрага по вистинска авантура, не барајте понатаму. Падобранството е неверојатно искуство и е одлично за секој што сака да се соочи со своите стравови. Адреналинот ќе го чувствувате долго откако ќе се вратите на земја.
2. Патувајте сами
Патувањето сами сигурно ќе ве истурка од удобната зона. Има нешто посебно во тоа да се појавите на непознато место каде што не познавате никого. Ќе биде потребно за секоја одлука да размислувате сами. Можеби ќе бидете преплашени, но ова е одлична шанса да се предизвикате и подобро да се запознаете. Се разбира, ќе сретнете и многу пријатели и ќе откриете дека сте посилни отколку што сте мислеле.
3. Патување со ранец
Овој вид патување не е за секого. Нема постојано да ви биде забавно да носите тежок ранец и да спиете во соба полна странци. Но, ова е уникатна можност да го видите светот со помал буџет. Ќе сретнете многу патници кои живеат целосно различни животи од вашиот. Ќе уживате во добрите моменти и ќе научите да се справите со лошите.
4. Искачете вулкан
Звучи навистина лудо, зарем не? Ако некогаш се најдете во Гватемала, немојте да го испуштите искачувањето на вулканот Акатенанго. Ова е вистински физички предизвик, но искуството ќе биде незаборавно.
5. Бидете сместени кај кубанско семејство
Куба е дестинација како никоја друга. Тешко е да најдете Интернет, а животот е многу поразличен од она на што сме навикнати. Но прекрасните луѓе, шармантната архитектура, оригиналната историја и живата музика ќе ве натераат да се вљубите во Куба. За вистински да го почувствувате кубанскиот живот, поминете време со локално семејство.
6. Откријте ги тајните на пазарите во Маракеш
Глетките, мирисите и звуците на овој раздвижен пазар ќе ги разбудат сите ваши сетила. Ќе пронајдете неверојатни работи низ лавиринтите на пазарот. На почетокот ќе се чувствувате изгубено, но ќе уживате во држава која е целосно поразлична од вашата. А сигурно ќе најдете и некој сувенир кој засекогаш ќе ве потсетува на оваа посета.
7. Одете на место на кое не сте биле досега
Понекогаш нема потреба од ништо драстично за да излезете од удобната зона. Доволно е да посетите и град од вашата држава за да ја смените секојдневната рутина. Шетањето по нови улици, пробувањето нови ресторани и спиењето во нов кревет може да ви биде доволно непознато за да ви го размрда животот. Излегувањето од вашиот меур е искуство за себе.
Погледнете ги и овие предлози за патување во 2018 година.