Претходно
Листа на основни секојдневни проблеми
Датум: 13 апр 2012
Коментари: 0
Тагови: грешка, далечински управувач, заборавање, интернет, лаптоп, мобилен, проблеми, секојдневно, телевизија
Сите ние сме навикнати на одреден начин на живот и сме приморани постојано да се сретнуваме со голем број потешкотии. Но, во последно време се појавуваат некои секојдневни „проблеми“ кои и покрај нивната наизглед банална природа, успеваат моментално да предизвикаат многу поголема напнатост од некој посериозен и подолготраен проблем. Еве мал дел од овие мини проблемчиња со кои сите се сретнуваат барем по еднаш во текот на денот:
- Не можете да го најдете далечинското.
- Има премногу реклами за време на вашата омилена ТВ-серија.
- Сте го изгореле јазикот пиејќи жешко кафе.
- Постојано ви „паѓа“ интернетот.
- Немате ништо за јадење во фрижидерот.
- Немате што да облечете за состанок.
- Ви снемало тоалетна хартија.
- Вашиот сосед ставил „пасворд“ на неговата мрежа.
- Ви снемало млеко.
- Додека се туширате, на водата ù е потребно долго време да стане топла.
- Не сакате да јадете ладни остатоци од ручекот.
- Сте се исекле додека сте се бричеле.
- Сте го заборавиле паричникот дома.
- Вашиот Фејсбук-профил сам се променил во тајмлајн.
- Ве додале во групна порака со непознати луѓе каде што не ни можете да го следите разговорот.
- На никој не му се допаѓа вашата слика на профилот.
- На фризер сте добиле сосема спротивна фризура од онаа што сте ја побарале.
- Имате слаб сигнал на мобилниот.
- Постојано ви стигнуваат покани за настани на Фејсбук.
- Приморани сте да користите два далечински управувачи (еден за менување програми, друг за зголемување/намалување на звукот).
- Немате опција „снуз“ на будилникот.
- Сте заборавиле да го исклучите ѕвонењето на мобилниот пред да си легнете.
- Звукот од реновирањето на соседниот стан ве буди веќе цела недела во 6 часот сабајле.
- Не можете да го слушнете телевизорот поради правосмукалката.
- Сте го заборавиле мобилниот дома.
- Во ресторанот служат само „Пепси“ производи.
- Сакате да пишете порака додека возите, но сите семафори ви стануваат зелени уште пред да застанете.
- Во омиленото кафуле на вашиот најдобар пријател не го служат единственото пиво кое вие го пиете.
- Сте купиле поскапо кафе по препорака, но има многу лош вкус.
- Не работи лифтот (а живеете на 15-ти кат).
- Предолго чекате една личност да искочи од тоалетот во дискотека.
- Сте ги заборавиле вклучени светлата на колата.
- Сте купиле погрешни батерии.
- Не можете да најдете место за паркирање.
- Вашиот телевизор нема опција за враќање наназад неколку секунди.
- Ви ја погрешиле нарачката во Мекдоналдс.
- Заборавивте дека утре полагате.
- Не можете да најдете исти чорапи во вашата фиока.
- Вашиот тим го изгубил натпреварот.
- Лаптопот ви „умрел“, а имате презентација за половина час.
- Не можете да го најдете полначот за лаптопот.
- Вашиот мобилен постојано сам ви ги „поправа“ зборовите.
- Не можете никаде да си ги најдете клучевите од дома/кола.
- Нема ништо интересно на ТВ.
- Немате интернет.
- Имате страшен вирус на компјутерот, поради кој тој сам се вклучува/исклучува.
- Микробрановата ви титка сè додека не ја отворите.
- Заглавени сте во сообраќај за време на најголемата гужва.
- Немате батерија на мобилниот.
- Додека пишувате есеј, Ворд ви ги потцртува сите зборови со црвено.
- Не ви е удобно додека седите, бидејќи џебовите ви се полни со монети.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.