Лични прашања што не треба да ги поставувате на Фејсбук
Кога имате голем број пријатели или следбеници на Фејсбук или на која било друга социјална мрежа, сакате да ја користите таа бројка не само за да соберете лајкови, туку и за добивање на потребните информации. Понекогаш тие информации се прилично бизарни, но најчесто ви е многу полесно да поставите прашање, дали во вид на статус или пак, како објава во некоја група за дискусија, и потоа да чекате одговори и поделени мислења, отколку самите да „изгуглате“ или уште подобро, да ги откриете лично. Нема да зборуваме подетално зошто е тоа така, но ќе ви го насочиме вниманието на неколку прашања/ситуации/дилеми кои се премногу лични за да се прашаат на еден ваков јавен начин.
1. Правни совети
Тоа што вие мислите дека не сте платиле некоја казна, па на Фејсбук барате совети како да се извлечете или што и да е друго во прашање, воопшто не е симпатично. И всушност, зошто некој би знаел што треба да (не) правите? Ситуацијата е уште полоша кога се во прашање големи правни проблеми. Наместо тоа, лично прашајте ги вашите пријатели дали познаваат адвокат, контактирајте го лично и решете го вашиот проблем.
2. Прашања во врска со вашето здравје
Овие прашања не се пребаруваат и не се објавуваат на Фесјбук или на Инстаграм. Ако имате некој проблем од здравствена природа, единственото нешто што би требало да го направите е да отидете на доктор или да му се јавите. Сѐ останато има навистина несакан ефект.
3. Информации што самите можете да ги дознаете со пребарување
Немојте да бидете толку мрзливи. Отворете Гугл и поставете го вашето прашање, без разлика дали станува збор за какво ќе биде времето денес, кој глуми во тој и тој филм, како се вика онаа песна… Навистина не треба да ги прашувате вашите пријатели на Фејсбук ваков вид прашања.
4. Идеи во врска со храната
Пронајдовте одлични рецепти на Пинтерест? Сјајно! Но, немојте сега да ги прашувате вашите виртуелни пријатели дали да подготвите едно или друго јадење. Послушајте го вашиот стомак, а не вашите социјални мрежи!
5. Понуди за работа
Секако, многу огласи за работа се пронаоѓаат на социјалните мрежи, бидејќи денес сите „живеат“ на нив. Сепак, едно е кога ќе забележите некој оглас, а друго е кога поставувате такви прашања јавно, со статус, или кога ќе напишете на некоја страница или нечиј профил… Воздржете се и бидете дискретни!
Погледнете ги и овие 7 работи што не треба да ги правите на Фејсбук ако сакате да ви се допаѓа вашиот живот!