Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија

Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија

Дали некогаш сте размислувале за летање со балон на воздух? Луѓето коишто го искусиле тоа, го опишуваат како неверојатно вивнување во облаците, каде воздухот е поредок, ветрето минува низ вашата коса, а слободата којашто ќе ја почувствувате во отворениот бесконечен простор пред вас, не се опишува со зборови. Ако решите да го сторите тоа, имајте на ум дека Кападокија е позната, освен по својата мистична убавина и по тоа што е едно од најдобрите места на светот за летање со балон на топол воздух.Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната КападокијаКападокија е област во централна Анадолија во Турција, позната по спектакуларниот надреален пејзаж во кој си поиграла природата, сочинета од подземи градови, цркви во пештери и куќи врежани во карпите. Карпите настанале пред илјадници години како резултат на вулканска ерупција која со помош на климатските фактори ги креирала овие форми. Ова место чие име на персиски значи „Земја на убави коњи“ е познато и по многубројните прекрасни долини, кањони и фантастично обликуваните камења, кои својот облик го добиле како резултат на ерозијата, дождовите и ветровите илјадници години наназад. Оваа област е најмистичниот и најтаинствениот предел на светот.Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната КападокијаРаната есен е идеално време за посета на Кападокија, едно од најнеобичните локации на земјата. Воодушевувачката глетка во комбинација со одличните услови за летање, им овозможуваат на балоните да лебдат помеѓу камените куќи, вгнездени во необичните карпести формации и над сето она што е скриено подземи во турската област.Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната КападокијаВо праисториските периоди првите човечки населби биле изградени под земја во вулкански карпи поради заштита од дивите животни. Постојат многу подземни градови во областа Кападокија, но најголем е градот Деринкују, кој има осум нивоа. Сега се и некои праисториски градби реновирани и претворени во хотели поради големиот број посетители кои доаѓаат да ја видат оваа праисториска фасцинантна убавина.Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната КападокијаЕден од најпознатите градови во Кападокија е Гореме. Главната улица на овој град е преполна со ресторани со прекрасни градини и продавници за сувенири, а на два километри од центарот се наоѓа музеј на отворено со илјадници величествени карпи во кои се вгнездени цркви и манастири.Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната КападокијаКлимата во Кападокија подразбира суви лета, студени зими, снег напролет и благи есенски денови. Ако сакате да уживате максимално разгледувајќи ја, изнајмете велосипед, јавајте коњ или летајте со балон. Прошетката по Кападокија е единствено искуство кое ќе ве натера да помислите дека местото е излезено од нечија фантазија.Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија Лет со балон на зајдисонце во мистичната Кападокија


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар