Лесен, паметен е-велосипед совршен за градските гужви
Автор: Зорица Тодорова
Секој кој наутро оди на работа со велосипед низ улиците преполни со автомобили и пешаци веднаш ќе посака да го има „Gi Bike“. Најинтересната карактеристика на овој велосипед е тоа што се склопува, има лесна рамка и доаѓа со мобилна апликација која ве предупредува за какви било опасности и сообраќајни гужви.
„Gi Bike“ е електричен велосипед во нормална големина кој се склопува за три секунди. Рамката, тешка 12 килограми е изработена од алуминиум и во неа е интегриран систем кој автоматски го заклучува велосипедот доколку се оддалечите на 3 метри од него, со што ве штити од кражби. Ако не сте единствените кои ќе го возите, „Gi Bike“ може да препознае повеќе луѓе ако ги додадете во мобилната апликација.
Сакате да искачувате ридови? Електричната помош на велосипедот ќе ве носи дури до 60 километри без да мора да ги вртите педалите. Постои уште една опција која ќе ви се допадне – рамката има УСБ порт каде може да ја полните батеријата на вашиот телефон.
На предното тркало се вградени мали странични светла кои сами се вклучуваат ноќе, осигурувајќи се дека возите безбедно, а мобилната апликација постојано ве информира за сообраќајот кој ви претстои. Секако, не е заборавена ниту поврзаноста со социјалните мрежи; мобилната апликација се поврзува со Фејсбук и Твитер преку безжична врска и е достапна како за iOS така и за Андроид.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.