Лековити зборови: Поучна приказна која секој од вас треба да ја прочита
Еднаш еден светец шетал во природа и додека поминувал покрај мало село, му пристапила жена со солзи во очите, преколнувајќи го да дојде да му помогне на нејзиното болно дете. Тој отишол кај неа во селото и многу луѓе се собрале околу него бидејќи личност како него ретко можело да се види. Тогаш му го донеле детето и тој над него кажал една молитва.
„Зарем навистина мислиш дека твојата молитва може да помогне во ситуација каде што ни медицината не успеала?“ – викнал на сиот глас еден човек од топлата.
„Што знаеш ти за овие нешта? Ти си една обична будала!“ – му одговорил светецот на човекот.
Човекот многу се налутил, неговото лице поцрвенело и почнал да „врие“. Во истиот момент кога сакал да каже нешто и да го нападне светецот, тој му пристапил и му рекол:
„Ако еден збор има толкава сила да те направи толку лут и црвен, тогаш зошто некој друг збор не би имал моќ да излечи?“
На овој начин светецот тој ден излечил двајца.