Лекции за мажите кои жените треба да ги знаат
Автор: Моника Димитровска
Често жените не знаат да го проценат моменталното однесување на мажите и доаѓаат до погрешни заклучоци за нивните размислувања, чувства и гестови кои ги прават кога се заедно.
Понекогаш пак жените се обвинувани заради неочекуваното молчење пред своите сакани мислејќи дека изговориле или направиле нешто погрешно, притоа не знаејќи дека во истиот момент нивниот партнер можеби размислува за нешто банално како на пример „Се прашувам како мувите стојат на плафонот наопаку?“
Прочитајте ги следните лекции според кои треба да разбереме како функционира машкиот мозок. Забавни се, а сепак откриваат по нешто корисно. 🙂
1. Кога со мажот разговарате за проблеми, немојте да го наведете да помисли дека тој греши. Кога не е во право, мажот се чувствува како губитник.
2. Мажите мразат да бидат критикувани, затоа сакаат да се женат со девици.
3. Мажите набрзина ги менуваат ТВ-каналите за да заборават на проблемите.
4. Мозокот на мажите е поделен на делови. Затоа тие во еден момент можат да се сконцентрираат само на едно. Ако мажот се бричи, а вие му се обратите, ќе се исече. Ако нешто кова со чекан, а на вратата тропне некој, ќе си го удри прстот. Ако разговарате со него додека вози, ќе ја пропушти кривината. Ова се извонредни тактики за одмазда.
5. Доколку сакате да упропастите разговор со маж, само дајте му тема на која треба да размислува.
6. Мажите повеќе сакаат убавина отколку памет, затоа што поголем дел од мажите подобро гледаат, отколку што размислуваат.
7. Ако сакате мажот да ве сослуша, известете го однапред, ограничете го временски и дајте му дневен ред.
8. Машкиот вид е програмиран на далечина. Затоа мажите не можат да ги најдат предметите кои им се на дофат – клучевите, чорапите, путерот во фрижидерот итн.
9. Мажот може или да чита или да слуша – не може двете истовремено.
10. Со мажите разговарајте директно и кажете им точно што мислите. Не кружете одоколу.
11. Жените го користат молчењето за да ги казнат мажите. Но, мажите ја сакаат тишината.
12. За да ѝ докаже дека ја сака, тој ќе се искачи на највисоката планина, ќе го преплива најдлабокиот океан и ќе ја помине најдолгата пустина. Но, таа на крај ќе мора да го остави – бидејќи тој всушност никогаш не бил дома.
13. Жената многу сака секс со мажот што го сака. Мажот многу сака секс.
14. За мажот сексот е секс, а љубовта е љубов, а понекогаш тие две нешта се случуваат истовремено.
15. Мажите бараат секс, а понекогаш од тоа се раѓа врска.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
odma se znaj deka zena go ima pisano trkala