Лекции за љубовта и пријателството од хит-комедијата „Пријатели“ - Part 2

Лекции за љубовта и пријателството од хит-комедијата „Пријатели“

Размислете добро пред да стапите во брак

Бракот е сериозна работа. На почетокот на серијата Рејчел (сосем оправдано и паметно) одлучи да не се омажи за Бари, а нејзината одлука се покажа како вистинска. Рос пак, прво беше во брак со жена со која имаше нешто многу заедничко – и двајцата сакаа жени, а потоа сакаше да стапи во брак со Емили притоа кажувајќи погрешно име пред олтарот. Ова јасно ни кажува дека доколку не сте сигурни во врска со бракот или немате преболено некого од минатото, не „скокајте во тавче“.

Премногу подготвување за првиот состанок не е на арно

Секој сака да изгледа најдобро на првиот состанок, но некогаш многуте подготовки може да резултираат катастрофално. Легендарниот Рос проба да си го смени стилот носејќи кожни панталони по што не можеше да најде начин да ги соблече од себе, а во друга прилика си ги избели забите до непрепознатливост. Некогаш навистина најдобра варијанта е просто да бидете она што сте, макар тоа да биде и во обични панталони и просечно бели заби.

Лекции за љубовта и пријателството од хит-комедијата „Пријатели“

Секогаш има надеж

Фиби живеела на улица, Рос три пати беше „среќно“ разведен, Чендлер беше навикнат да добива „корпи“ толку често што веќе ги предвидуваше… Секој од нив имаше искусено падови и ја имаше почувствувано болката на скршеното срце. Но без разлика какво е утрото, подоцна во денот може да ви се насмевне сонцето само ако не губите надеж.

Мисирката може да ви помогне да ја искажете вашата љубов

Ја памтите незаборавната сцена кога Моника става мисирка на главата со цел да го насмее Чендлер и да го натера да ѝ прости? Чендлер на тоа возврати со изговарање на магичните зборови. Па ако немате храброст да ја признаете вашата љубов, почекајте го соодветниот момент кој може и да не биде толку совршен.

Лекции за љубовта и пријателството од хит-комедијата „Пријатели“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар