Легендата за Шамбала: Сте чуле за скриената земја која постои во нашата?

Легендата за Шамбала: Сте чуле за скриената земја која постои во нашата?

Според легендите, Шамбала има кружна форма, иако во записите таа е претставена како цвет од лотос со 8 ливчиња. Таа исто така е и симбол за срцевата чакра. Многу древни текстови ја нарекуваат оваа земја „магична“ или „митска“, но ако добро размислите, голем дел од записите на Будистите, Ведите и другите источни земји се веќе и научно потврдени, па којзнае, можеби и Шамбала не е толку мистична колку што мислиме.

tajnata-za-shambala-sokrienata-zemja-koja-postoi-vo-nashata-kafepauza.mk

Исто така, кога станува збор за вакви легенди, во последно време сè поголем замав земаат и објаснувањата од квантната физика. Еден одличен пример за тоа е мистеријата за човечката свест. Според теориите од квантната физика, постоењето на свесноста може да се објасни и со постоење на други димензии. Можеби токму заради ова идеите на Никола Тесла имале толку големо влијание од древната источна филозофија. Малкумина го знаат ова, но некои од најдобрите научници биле мистици, вклучувајќи го и Исак Њутн кој ја изучувал и алхемијата.

„Ако ја гледаме поголемата слика, иако постојат некои разлики, сметам дека будистичката филозофија и квантната механика може да си подадат рака за нивните гледишта кон светот. Во овие неверојатни примери, лесно можеме да го видиме плодот од човечкото размислување. Без разлика на восхитот кој го чувствуваме кон овие големи мислители, не треба да го заборавиме ни фактот дека и тие се само луѓе како нас.“ – Далај Лама

Токму поради ова не треба да ја отфрлиме можноста дека постои скриено знаење во древните текстови, особено кога доказите сè повеќе ја зајакнуваат врската помеѓу древната мудрост и модерното знаење.

Шамбала

Повеќе древни текстови од разни традиции спомнуваат битија од „друг свет“ кои постојат во нашиот. Еден ваков свет кој се спомнува во традициите на хиндуистите и тибетските будисти е Шамбала, скриеното кралство во нашата планета. Тоа е место што не го разбираме и што е тешко да се пронајде.

„Духовно“ место

Далај Лама го изјавил следново на еден говор кој бил одржан во 1985 година:

„Иако оние со посебна припадност би можеле да отидат таму со нивната кармичка врска, тоа не е физичко место кое можеме да го пронајдеме. Единствено можеме да кажеме дека тоа е чиста земја, чиста земја во човечкото царство. Ако ја немате соодветната кармичка поврзаност и заслуга, не можете да пристигнете таму.“

Овој опис е многу сличен со духовните принципи кои ја воделе Атлантида и кои биле предложени од Платон и други учители. Менли П. Хол, автор, историчар и масон од 33-ти ред изјавил:

„Пред да потоне Атлантида, нејзината духовност ги просветила луѓето кои сфатиле дека нивната земја е проколната бидејќи тие се тргнале од Патот на светлината. Носејќи ја со себе оваа света и тајна доктрина, луѓето од Атлантида се сместиле во Египет и станале првите божествени владетели. Речиси сите големи космолошки митови кои се формирани се засновани на неколкуте свети книги за атлантските митски ритуали. “

Според модерната теозофска традиција:

„Шамбала, иако никој не успеал да ја лоцира географски, е земја или реон, седиштето на големото братство на духовноста и нивните владетели на земјата. Од Шамбала, во одредени периоди низ историјата, доаѓале учители кои работеле на духовноста на луѓето.“

Едвин Бернбаум, во неговата книга „Патот до Шамбала“ (The Way to Shambhala), изјавил дека патот не е јасен. Шамбала е физичко место кое постои во човечкото царство, но истовремено е духовно, дури и натприродно место за кое многумина веруваат дека постои во друга димензија.

Мајкл Вуд, новинар од BBC, ја опишал Шамбала како изгубено кралство закопано во Хималаите. Тој напишал дека името Шамбала прв пат се појавува во текст познат како „Kalachakra tantra“, односно „Тркалото на учењето на времето“. Оваа доктрина припаѓа на високото учење на будистите. Тој исто така запишал дека во Шамбала луѓето живеат во мир и хармонија и дека се верни на будистичката традиција. Во оваа земја војната, тагата и злото се непознати. Според Мајкл, еден коментатор на текстот го изјавил следново:

„Шамбала се наоѓа во долина. Пристапот до неа е преку прстен од снежни врвови како ливчиња на лотос. На центарот се наоѓа кристална планина од 9 ката која стои над свето езеро. Шамбала е кралството каде што човечката мудрост е поштедена од уништувањето и корупцијата на времето и историјата и е подготвена да го спаси светот кога тоа ќе биде потребно. Пророштвото на Шамбала тврди дека секој од нејзините 32 крала ќе владее по 100 години. Штом ќе помине нивното владеење, надворешниот свет ќе се влоши. Луѓето ќе станат опседнати со војна, а материјализмот ќе го надвладее духовниот живот. Евентуално ќе се појави злобен тиранин кој ќе донесе вистински терор на земјата. Но токму тогаш кога ќе изгледа дека светот ќе се уништи, маглата ќе се крене и ќе ги открие замрзнатите планини на Шамбала. Тогаш, 32-иот крал на Шамбала ќе го уништи тиранинот и мирот ќе се врати.“

Какви докази имаме за ова место?

Легендите кажуваат за луѓе кои влегле во оваа земја и никогаш не се вратиле, како и за луѓе кои загинале барајќи ја Шамбала. Во последно време се прават поврзувања со феноменот на НЛО. Можеби веќе знаете, но најчесто сите неидентификувани летачки објекти се следат со воздушни и земјени радари додека истовремено се гледани и од пилоти кои се испратени да ги пресретнат. Илјадници документи се достапни за јавноста, а многу луѓе ги споделуваат нивните лични искуства. Поранешен астронаут од НАСА, професор Брајан Олер изјавил:

„Има многу докази дека нè контактираат и дека долго време сме посетувани од други цивилизации.“

Покрај овие гласини има луѓе кои тврдат дека навистина го искусиле ова место. Адмиралот Ричард Бирд, офицер на морнарицата на САД, е човекот кој прв го прелетал Јужниот Пол. Наводно тој отпатувал до шупливата Земја. Адмиралот Ричард исто така го надлетал и Северниот Пол и запишал дека забележал некаков отвор. Неговиот дневник ја опишува неговата авантура низ отворот каде што имало езера, реки, вегетација и многу други работи. Тој учествувал во многу експедиции на Северниот Пол. Неговата главна цел била да направи истражувачка база на Антарктикот. Тој тврди дека се сретнал со летачка машина и тогаш прв пат стапил во контакт со битијата кои живееле на тоа место.

Николај Рерих, познат руски истражувач, исто така запишал дека Шамбала е лоцирана на северот. Тој патувал преку Монголија и Кина до границите на Тибет и изјавил дека додека разговарал со еден Лама, му кажал дека Шамбала се наоѓа после океанот. Ламата исто така му кажал:

„Шамбала е будна за човештвото. Ја гледа земјата во своето магично огледало, а моќта на нејзините мисли стигаат и до најдалечните земји. Безбројни се жителите на Шамбала. Бројни и неверојатни нови сили и достигнувања се подготвуваат таму за човештвото.“

Според гласините, ако постои влез, тој се наоѓа на Антарктикот или длабоко под неколку планински венци, вклучувајќи ги и Хималаите. Едно заедничко нешто кое го имаат сите гласини се дека Шамбала и нејзините тајни строго се чуваат и никој не може да влезе освен ако не е повикан внатре.

Што знаеме за јадрото на Земјата?

Нашето сегашно разбирање и знаење за јадрото на Земјата е теорија. Доказите за составот на Земјиното јадро не се докажани. Сè уште не можеме директно да земеме примерок од внатрешноста на планетата и никој нема видено што всушност се случува внатре. Можеби идејата за шуплива Земја се однесува на друга димензија. Многу големи умови од минатото и од денес веруваат дека постои нешто чудно кое се наоѓа под нашите нозе. На пример, шведскиот математичар и физичар Леонард Ојлер сметал дека Земјата е шуплива и нејзината внатрешност е населена.

Доколку сакате вакви приказни, погледнете ги и овие мистериозни книги што ќе ги замислат и најголемите скептици.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар